вторник, 5 јуни 2007 г.

Господе, чувај ме од своите од другите сам ќе си се чувам

Најмногу би сакале нашето зачленување во НАТО да биде под нашето уставно име. Но ако такво решение за спорот не е можно да се постигне до моментот на нашиот прием во НАТО, ние сме подготвени да влеземе и под референцата што сега се користи во ООН, се разбира како привремено решение, изјави претседателот Бранко Црвенковски во интервјуто за вчерашниот број на влијателниот атински весник „Катимерини“.

И после се чудиме зошто не и иде на Македонија. И откако ќе се исчудиме онака поштено, сите мудро ќе заклучиме дека за тоа што нас не ни иде криви ни се:

А. Шиптарите

Б. Европа

Ц. Светскиот заговор

Д. Јован Вранишковски

Е. Сите на планетава и уште неколку планети наоколу.

А не сакаме да се погледнеме во огледало или во очи како сакате за да видиме какви говеда чуваме дома. Еве мал процеден список на македонски говеда:

А. Киро Глигоров – “Тоа не е промена на нашшето вековно име, тоа е само привремено име(тогаш зборот референца не се користеше) под кое ќе бидеме примени во ООН, а после два месеци ќе го вратиме своето уставно име“ – зимата 1993година

Б. Љупчо Георгиевски – Преговарачот за понудените Горна Македонија. Нова Македонија. Градителот на бетонскиот ѕид на потегот Липково – Љуботен – Групчин – Ќафасан

В. Тито Петковски – Нему му е многу побитно тоа дека е правник отколку Македонец и занего секогаш побитно е да бидат правилно преведени сите текстови со раференцата ФИРОМ наспроти името Република Македонија.

Г(оведото над говедата) Бранко Црвенковски – ќе ми требаат листови и листови да се напишат сите заслуги за ЦВ на БЦ.

Во моменти кога во Грција се на праг на предвремени избори предизвикани од ситуацијата во која Македонија ја добива битката за името да се даде изјава како воведната е многу повеќе од национално предавство. Ова е ужасно. Претседателот на државата која 17 години се бори за името да даде ваква изјава .....ова да се случи во Грција мислам дека досега ќе беше пратен на најпустиот грчки остров на доживотен затвор.

Кој ние бе говедо едно кој ние сме подготвени да влеземе во НАТО како ФИРОМ.

Ние дома не сме, ние на работа не сме. Ние во село кај баба ми не сме. Еве и кај другар ми дома не се подгвотвени за тоа.... и сега што правиме.

И како сега некој ќе се бори за нешто и ќе оди по белиот свет да брани ставови и да се држи до нив, кога “Таткото“ уствари не е татко, ами очув и тоа не било кој, ами најлошиот можен, јаничар. Кога претседателот на државата ја сече гранката на која седиме во корист на соседите тоа е најблаго речено разочарувачки.

Јас знам дека сега по лавината реакции БЦ ќе излезе и ќе каже дека не бил правилно разбран и дека ова му е подметнато од страна на “злосторничката“ влада, но се плашам дека не е така.

Се плашам дека апелите дека Претседателот ја кодоши својата сопствена држава се вистинити и дека не застанал на кодошење. Изгледа почнува отворено и активно да работи на уривање на националните столбови кои ја држат (како така) Македонија. Се чини дека целата своја кариера ја посветил на уривање на знамето, името, Црквата, идентитетот, историското наследство и се друго.

Едно знаме ова лице промени, неговата верба во другарот Тито како темел на македонската државност е надалеку позната, наспроти негирањето на изворното македонско национално движење Илинден и Гоце Делчев. АСНОМ редовно го слави на ново изградени споменици и српски караули во друштво на Јован Вранишковски. Последните најави дека судирот 2001 година бил негово масло се се посилни. Отвора дебатни клубови на тема идентитетот на Македонија и опсаностите од неговото исчезнување за да кулминира со последнава изјава (или сеуште не кулминирал). Злите јазици дека стои зад двата атентати на претходните два македонски Претседатели нема да ги спомнам бидејќи лично одбивам да верувам дека е тоа вистина и искрено се надевам дека нема да бидам демантиран во тоа.

Господ нека ни е на помош.

Нема коментари: