понеделник, 10 септември 2007 г.

Швајцарија на Балканите vol. 2007

Ова Швајцарија најчесто кој како сака го толкува. Најмногу сакаат да значи дека балканскава Швајцарија е или еден ден ќе стане развиена, богата и мирна како онаа алпската. Други мислат дека заедничко им се дупките во сирењето, трети тријат раце зошто ни следела кантонизација итн итн.

Ако своевремено оваа синтагма била создадена за да ја отслика етничката карта во Македонија и на нејзината тогашна безнадежност да и даде мал зрак светлина дека во некое идно време можеби ќе бидеме навистина Швајцарија, можеме ли да кажеме дека сме барем малку поблиску до светлината? Хм? Зошто мислев дека сме поблиску ама сеа сега се двоумам?

Иднината на Македонија е мултикултурализмот и почитување на принципите на мултиетничност. Можеме ние да се лажеме до бесвест дека решението за нас е цврст унитаризам каков што практикуваат Грција, Бугарија, Србија, Хрватска каде игра цврстата рака на мнозинството ама далеку сме од реалниот момент. Истото важи и за сонувачите на конфедерализмот, бинационалноста, федерализацијата со кантонизација и слични системи.

Мултикултурализмот сватен како начин на живот каде се почитуваат различностите и се прифаќа Другиот онаков каков што е е шансата за Македонија и тоа е она кое треба да се развива.

Дали го имаме избрано вистинскиот модел за развој на овој феномен и што е уште побитно дали го применуваме доследно или не овој модел ќе покаже времето.

Она што во моментов е сигурно и јасно е дека како и во сите приказни вистински позитивните ликови излегуваат на самиот крај. Никогаш оној кој на почетокот или во текот на филмот ви бил омилен лик на крај не е и најдобриот.

По кој знае кој пат се потврдува апсурдната вистина дека е полесно да си жртва, обесправен, помал отколку да си оној кој треба да ја заштити жртвата, да се избори за правата на оној кој ги нема, да му помогне на помалиот.

Кога се промовираше охридскиот рамковен договор се појавија анализи и констатации дека е тоа извонреден договор за македонскиот народ и дека тој благодетите на овој договор ќе ги почувствува кога ќе стане малцинство во својата сопствена држава. Не знам дали и кога ќе се потврди ова но се појасно станува дека улогата на малцинство е многу поубава. Исполнета е со многу поволности, во секој момент можете да правите глупости, а другиот да ви е виновен. Можете да бидете дежурен плачко, а постариот да си го собира на свој грб. Обврски скоро и да немате, а и она малку што ги имате не ги исполнувате зошто тоа го сваќате како притисок од мнозинството врз вашите права и слободи.

Новиот предлог изборен закон во желба да ја издигне мултиетничноста на Македонија на институционално ниво нуди квоти во Собранието. Обидот на Владата да ја стави во функција преамбулата на Уставот и да создаде услови во кои сите заедници ќе се чувствуваат рамноправни наиде на “високо дигнат ѓон“. Само наивните и неупатените веруваа дека главен противник на ваквите решенија ќе биде македонскиот дел од опозцијата или евентуално поголем дел од мак. народ.

Најавата за жестока амандманска расправа и поднесени 4500 амандмани од борците за рамковна Македонија кажува се. Албанската заедница падна на прет-тестот за прием во друштвото на доминантната заедница во Македонија.

Недавањето квоти за албанската заедница во законот на ваков или таков начин нив ги стави во еднаква позиција со мнозинскиот македонски дел. Без разлика дали сте 24% или 58% во Македонија еве ви шанса да бидете еднакви со оние против кои цело време се борите зошто ве потиснуваат на маргините. Но ваквиот “непристоен предлог“ веднаш беше осуетен и отфрлен. Албанците во Македонија не сакаат заеднички, мултикултурен живот. Нивната идеологија и нивната цел е сосема поинаква и тоа им е јасно на сите па и на врапчињата (без разлика дали се ЕУ или нон-ЕУ). Проблемот е што некој нема смелост тоа јавно да го призане. Наместо Албанците да бидат први кои ќе се се борат малите заедници да добијат квоти тие се првите против тоа. Заборавија како им беше кога се бореа за “позитивна дискриминација“ за квоти во државната управа, документи на нивниот јазик итн итн.

Не само што немаат заборавено, него многу добро го паметат тој период. Толку добро паметат, што не сакаат да го препуштат на другите. Знаат Албанците колку е убаво постојано да бидеш во позиција на некој кој е обесправен со или без наводници. Знаат дека во таа позиција е најлагодно. Имаш се, а никому не одговараш за ништо. Имаш власт, имаш моќ имаш пари, а никој ништо не ти може. Ако некој се дрзне да те провери, прекори, опомене за твојата несериозност тука се твоите тутори. Доволно е само да почнеш да плачеш на цел глас и ете ги сите душегрижници во твоја заштита. Затоа Албанците не сакаат никој друг да им го разбие монополот на малцинство во БЈРМ. Замислете што ќе се случи кога сите би ги имале нивните права. Замислете си каков преседан би било кога пратеник Турчин, би се појавил во Собранието и би барал малку повеќе права за своите. Замислете си во редот зад вас да седат тројца пратеници Срби, а вие сте незаштитен Албанец во македонското Собрание. Nightmare. Замислете си да како би им било на Албанците во Собрание ако им ја одземете омилената играчка наречена “Бадентер“.

Македонија на прагот на НАТО и ЕУ, со релаксирани политички односи, во кој никој нема да биде заложник. Функционално Собрание, каде се применети сите рамковни стандарди. Функционална демократија, систем кој создал услови подеднакви за сие без разлика дали се 65%, 24% или 2.4% во земјата.

Навистина Швајцарија на Балканите, ама за некого она Швајцарија е убаво само додека е некаде таму далку, додека се нарекува Швицарска и додека издава инвалидски пензии и ни служи за собирање емигрантски пари за куување пушки.

На крај само уште нешто. За потеклото на терминот Торбеш има разни теории. Од онаа најнародската дека ги викале торбеши зошто си ја продале верата за торба сирење, до обидите етимолошки, јазично и како не да се најде коренот на зборот и да се свати суштината на Торбешите.

И толку многу борба, толку многу наука, толку грижа за оние кои се Македонци, со исламска вероисповест, а кон кои минатото било сурово па нивната борба за опстанок ја подвело под графата Торбеши(продадени за торбата), за да на крај самите се потпишат под тривијалното народско толкување на поимот Торбеш.

Фиат Цановски, без око да му трепне си ги прогласи своите собраќа Македонци по вера муслимани за посебен ентитет Торбеши. За да болката биде поголема му се испушти (или не) дека манипулираат???? со бројката. Ма манипулирате гдине пратеник со луѓето и товарот кој го носат вечно да бидат растргнати меѓу националното и верското, манипулирате за ваши лични цели и корист, а не за достоинството на Торбешите. Ако ви е тоа битно тогаш си го знаете и местото и улогата.

2 коментари:

ribaro рече...

Убава колумна со мнгу јака компарација :) Сепак, пасусот за торбешиве ти е вишок.

пс: добро би било да овозможиш коментари и за дуги корисници, освен за тие од блогспот. Како совет де, зашто не можам да си се потпишам со мојот активен блог: http://ribaro.blog.com.mk

Константин рече...

Mislam deka sega moze i toa. Ne sum ni videl koj moze koj ne.
Sorry.