вторник, 23 јануари 2007 г.

Новите европски вредности

Идеата за Европската Унија почива на еден куп хуманистички вредости како контра одговор на насилството, несогласувањето, омразата кои владееле долго време меѓу европските народи и држави. Таа идеа европската заедница (пред се западниот дел) го развива и го гради со децении и децении наназад. Нема прилика во која не ја потенцираат вредноста на европските идеи и европските заложби. Без разлика дали се работи за политичките односи, културата, јазиците, човековите права и сл. насекаде и во секоја пригода се обидуваат да го промовираат европскиот дух и ништо друго. Проширувањето на ЕУ во основа ја содржи и замислата европските вредости и стандарди да се прошират и на новите членки на унијата. За таа цел приемот во европското семејство е долг и макотрпен.Усвојувањето и имплементација на европските вредости и начин на живот во новите членки се почетокот и крајот за секој аспирант за членството во ЕУ. Од таму влезот во ЕУ не е само обично здобивање со некаков си статус на земјата, туку и културолошка и цивилизациска одредница за во иднина. Потврда дека граѓаните и општеството се на еден вид повисоко морално, културолошко, хуманистичко, политичко и секакво друго ниво. Токму затоа и борбата за влез во семејството наречено Европа е голема. Секој се труди да стори се што може, знае и умее за да стане член на ЕУ. На тој начин се примаат општите европски вредности но и своите национални се предаваат на другите членови на семејството и на тој начин националнитот идентитет на една држава и народ добива широка валоризација од сите останати во заедницата. Преку оваа интеракција секој народ и општество вградува некоја своја вредност и традиција во широкиот европски мозаик на вреднонсти и цивилизациски достигнувања како еден вид тестамент за идните генерации. За појасна слика на погоре кажаново:

  • Марија Чокан бронзена медалистка од ЛОИ 2004 год. на 1500 метри загина завчера во Бугарија во сообраќајна несреќа. Тренерот кој исто така бил во возилото изјавил дека полицаецот присутен на местото на несреќата барал 20 евра за да викне брза помош. Според тренерот екипата со медицинска помош стигнала дури час и половина по несреќата.
  • На крајот на минатиото месец во антикварница во Софија се пронајдени записи во ракопис со мемоарите на Крсте Петков Мисирков. Тие се објавени и во Софија и во Скопје. Во нив се наведени ставовите и размилсувањата на големиот културен деец од почетокот на XX век. Во нив јасно се гледаат и неговите изјави дека се декларира како македонски Бугарин. Ракописот е пишуван во 1913 година во близина на Одеса (тогашна Русија).Интересен е фактот дека во 1913 година Крсте Петков Мисирков живеел во Грција каде работел како дописник за руски весници од регионот.
  • Забрана за влез во Бугарија на македонски новинари кои учествуваат во антибугарската хистерија во Македонија, бара лидерот на партијата ВМРО-БНД. Тој до Владата и Собранието ќе поднесе декларација со список на имиња на македонски новинари на кои ќе побара да им се забрани влезот во Бугарија. Според партијата македонските новинари во дослух со српските тајни служби работат на уривање на обидите за зближување на двете држави.
За придонесот на новите земји членки на ЕУ оставам читателот сам да донесе свој заклучок. Јас на крај само ќе потсетам на народнта (во исчекување на демант на истата) :
“Кога можеш да почнеш да му веруваш на Бугарин?

Кога ќе му направат 40 дена.“

Нема коментари: