среда, 17 јануари 2007 г.

Инвестицијата “Образование“

  • Процесот на едукација на човекот претставува стекнување на знаења, вештини и способности за умеење со начините за задоволување на потребите (образовна компонента) и стекнување животни и работни искуства, формирање ставови, развивање критички однос кон работата, доброто, вредостите на светот околу него (воспитна компонента).

Современиот пристап на образование претставува инвестиција и како таков на него се гледа уште од 1986 год. кога ОЕЦД во своите докумнети, образованието го означи како процес на инвестирање.

Резултатите од овој инвестиционен процес доаѓаат најспоро, но ако е правилно изведено се најголеми и најдоходовни во секој поглед, како финансиски, така и културолошки и општествено.

Каде се наоѓа нашето оштество во поглед на светските тeкови на образованието и неговиот развој. Повеќе или помалу нашиот образовен систем се уште е во длабок зимски сон. Во тој сон нашиот образовен систем на сите нивоа од најнискиот до највисокиот сонува за убавите социјалистички времиња со мали “транзициски ноќни мори“.

Сите досегашни напори и акции за подобрување на ситуацијата завршуваат со нови возила, нови кабинети и сочни хонорари на еден мал круг универзитетско – министерски солачи на памет кои експериментираат со нашиот образовен систем слично на Др. Моро и неговите “пациенти“. Секоја чест на неколкуте исклучоци но тие не се доволни. Од таму денес владее мислењето дека сите проекти и пари кои идат од надвор кон нашето образование се пратени со една и единствена цел да се исперат парите, да се завртат и така чисти и убави да легнат на нечија сметка, по можност швајцарска.

Најновата акција за помош или можеби за спас на нашето образование е идеата за подигнување на степенот на задолжително образование. Тој според сегашните законски прописи е задолжителен само во основно образование и тоа од пред две години како деветолетка. Овие ново воведени деветолетки се типичен пример за масакрот кој се врши врз македонскиот образовен систем. Денес во Македонија на хартија (закон) имаме деветолетка, а во пракса имаме осмолетки со нулта година во забавиште. Осмо-и-пол-летка или само нешто летка колку да изгледа дека нешто се случува?

Предлогот на Владата кој е ставен на маса е воведување задолжително средно образование. За тоа е потребна промена на Уставот, а за тоа е потребно тоа пусто 2/3 мнозинство и бадинтеровите ни правила. И одма кочница. Одма се запиња. Сите маваат по сите. Овој вика не, овој вика да. Еден кажува зошто другиов му вика не, ако е за тоа треба да е ова, а не тоа. И сите се тепаат како за “плавуша у дискотека“, а образванието си трпи. Очигледно е дека една работа не можат никако да сватат.

Образование, образовен систем не се само обични зборови кои се пишуваат во законите и прописите. Тоа се најмалку милион и пол, 1 500 000 жители на Република Македонија. Ретко кој не е допрен од образовниот процес и целиот тој систем. Децата на школо, родителите со нив заедно, 35 000 професори, 4 државни универзитети 30 000 студенти, редица универзитетски професори. Не верувам дека има семејство во РМ кое барем индиректно не е поврзано со системот на обрзование што истиот го издигнува на највисоко ниво по значење во РМ.

Да се вратиме на предлогот за задолжително образование. Без контрааргументи и без многу дискусии предлогот се одбива како непотребен. Единствените причини кои се наведуваат против оваа идеа се, “пребрзо е, премногу пари ќе одат во тој проект, нема да се добие ништо“ и слични паушални оцени.

Владата како носител на идеата премногу млако и премногу тивко дури и би рекол срамежливо ги нуди аргументите зошто треба да се направи тој чекор.

Она што е апсурд, а од кое ќе започнам е што идеата за задолжително образование не е на оваа Влада. Претходната влада т.е претходната владеачка партија кога беше на таа позиција го форсираше ова. Нивниот приод беше да се симнува нивото со кое ќе се почнува со основно образование. Од таму и онаа фамозна “нулта“ година како зародиш на деветолетката. Сега кога се сменија позициите идеата за задолжително образвание во подолг период на години одма стана не прифатлива и не посакувана идеа. Причината е јасна, владин предлог, а опозицијата во РМ од секогаш е глува за владините предлози и идеи без разлика какви се.

Факт е и тоа дека старосната граница не може да се симнува премногу долу. Не можеме да креираме систем во кој 4 год. деца ќе ги праќаме во училиште. Значи “нултата“ е скоро максимумот надолу. Логички е да се гледа нагоре во средното образование. И ете го проблемот.

Да видиме неколку статистички податоци и да направиме мал преглед на состојбите со образовното ниво на македонските граѓани и категориите на население по образование.

Население – шк.подготовка

Вкупно

%

Вкупно

1579500

100

Без образование

60700

3,85

Незавршено основно

170 200

10,77

Основно

549 200

34,77

3 години средно

168 000

10,64

4 години средно

465 100

29,45

Вишо образование

51 200

3,24

Високо образование

114 900

7,28

49,39% од населението во РМ постаро од 15 години (работоспособно) во моментов е без или со најнискот степен на основно образование.

Ако овој процент го споредиме со процентот на невработени во РМ би можеле да бидеме и “среќни“ со 35те % невработеност. Денес речиси и да не постои компанија која во своите редови има потреба од ваква неквалификувана работна сила. Најниските и наједноставните позиции во било која современа Hi-tech компанија бараат минимално образование. Сурова вистина е дека денес канали за канализациони цевки копаат современи багери кои во себе имаат вградено мини компјутери кои не се управуваат со сила и без школо, напротив. Денес високообразован и оспособен кадар копа ровови и канали.

Состојбата со категориите на образование во вкупната структура на невработени лица во РМ е следна:

Невработени – шк.подготовка

Вкупно

%

Вкупно

315 900

100

Без образование

3 700

1,17

Незавршено основно

16 700

5,29

Основно

112 600

35,64

3години средно

49 100

15,54

4години средно

108 400

34,31

Вишо образование

7 700

2,44

Високо образование

17 700

5,61

Еден од најкатастрофалните податоци со кои реално се судира нашиот образовен систем, а на кого речиси и да не му се придава значење е состојбата со осипувањето на учениците при премин кон повисоките години и пред се кон повисокиот степен на образование. Ретко кој во РМ знае дека дури 16.65% од завршените осмооделенци не продолжуваат во средно образование. Значи РМ секоја година добива нови 16.65% млади, работоспособни но необразувани кадри кои веднаш одат кон Агенцијата за вработување или најчесто на “асфалтот“ чекајќи работа. Во прилог на ова ќе ги наведеме и следниве бројки. 1.42% е осипувањето кон основното образование (од предшколска возраст во прво оддел.). 0.29% е осипувањето во текот на основното образование. Во средното тој процент изнесува 2.84% (кои треба да се додадат на оние 16.65%).

Депримирачки и разочарувачки се и сознанијата дека 88.74% основци и 89,24% средношколци завршуваат основно т.е средно училиште. Податоците се однесуваат на генерациите во периодот 1997/2003. Фрапантниот момент следи. Од генерацијта запишана во средно образование во 2002 год. само 69.03% ученици успеале да завршат средно школо.

Гледано по национална припадност најголемиот % на осипување имаме кај ромската заедница, по што следат Турците и албанската заедница во РМ, додека најнизок степен на осипување има кај Македонците, но тоа во овој случај и не е многу битен момент.

Идеата за вовдеување 9 години основно школо е со цел да се зголеми опфатот на деца од пред школска возраст во редовната настава со тенденција тие да бидат подобро подговтвени за предизвиците понатаму. Идеата која сега е во оптек е да се намали осипувањето но во исто време да се промени образованта структура на населението. Да се поместат границите од ниско основно кон средно и со тоа кон високо образование. Процентот на високо образовано население кој го има ЕУ, РМ неможе да го достигне уште деценија-две но работите треба да почнат да се менуваат. Мора да се менува сваќањето и менталитетот. На образованието мора да почнеме да гледаме како на нешто кое е од корист пред се за индивидуата, а со самото тоа и за заедницата. Ако треба(а треба) и со законско решение за задолжително одење во средно, но мора да се менуваат работите.

Не знам како опозицијата во РМ ги толкува информациите кои доаѓаат во моментов од странските(потенцијални) инвеститори во РМ.

Johnson Controls при најавата дека ќе гради погони во РМ најави дека има потреба од 300 високообразовани информатичари. Она што објективно во моментов РМ може да го понуди на тој дел од пазарот на труд се 80-100 лица. Овде зборуваме за слободни луѓе кои не се во работен однос и кои во секој момент можат да одговорат на предизвикот кој го бара работата. Неодамнешното барање на 150 лица со средно образование од страна на британска фирма исто така за погони во Бунарџик беше формулиран како “профили од областа на хемијата, технолошката обработка...“ и исл. кои имаат искуство во работа со современи компјутерски системи. Значи не е веќе битно да си хемиски техничар способен да титра епрувети 8 саати, ами таков кој ќе знае таа епрувета да ја обработи преку машини и компјутерски програми и сето тоа да знае правилно да го протолкува и дистрибуира понатаму.

Cisco системи при доаѓањето во РМ најавија дека сега засега ќе отворат канцеларија, а во иднина очекуваат развој на одделни свои активности. Заблуда е ако некој тоа го толкува како нивна не спремност да се пуштат на нашиот пазар. Напротив. Сакале да признаеме или не, ние сме тие кои сме неподготвени во целава оваа игра која сакаме да ја играме. Неподготвени сме зошто едноставно немаме доволно и вистински образувани профили кои ќе можат да одговорат на секоја задача во секој момент.

Од таму треба да се симнат конечно црните превези и да се тргне сваќањето дека се што е “од другата страна“ не е добро. Образованието не` тангира сите и не` тангира подеднакво, затоа треба да се влезе храбро и одважно во реформите и промените во таа сфера.

Причини зошто сме во ваква ситуација има иљадници но конечно, од некаде мора да се почне.

На крајот на краиштата една тривијална причина за. Не верувам дека постои некој кој средното школо не го има како еден од најубавите периоди во животот.

_______________________
Податоците се од Пописот 2004г. од Државниот завод за статистика на РМ





1 коментар:

Анонимен рече...

Доброго времен суток,

Самая стабильная [url=http://popplers.ru/]партнерка[/url] [b]Popplers.ru[/b] предлагает Вам сотрудничество на выгодных условиях. Мы покупаем ваш ру трафик по выгодным ценам. Владельцам сайтов, вебмагазинов и веб мастерам мы предоставляем выгодные условия, отзывчивую поддержку и проффесиональный подход в нелегком бизнесе рунета.
отличная возможность быстро заработать, выгодная рефферальная программа, направьте ваш ру трафик в нужное русло, в русло прибыли которое принесет вам [url=http://popplers.ru/]Партнерская программа[/url] [b]Popplers.ru[/b] . Вывод средств в WebMoney или PayPal, возможность срочных выплат в любой день недели, персональный подход к каждому адверту.

Наши тарифы за 1000 уников:

DoorWays - 6у.е.
Popunder - 5у.е.
CJ - 5 у.е.
Clickunder - 4 у.е.

Ждем Вас в нашей программе!

Support: 498994074