среда, 17 јануари 2007 г.

На Василица ...

...
Три навидум не поврзани настани.
Пред два дена го уапсија, а вчера го видовме целото “филмче“ од апсењето и приведувањето на Саша Андоновски на аеродоромот Александар Велики. Ама старт на новиот имиџ на аеродормот па па па.
Како на човек за човек ми падна жал, кога толкави баџовци од два метра со по 1оо кила го влечкаа малиот Саша и скоро да ќе го лупнеа од вратата на полициското возило. Колку и да бегал и да се криел, сепак употребата на сила беше прекумерна. Човекот има фамилија, мали деца на кои не дека ќе им е пријатно, него е страшно да си го видиш тато на ТВ со вперен пиштол у глава. Од друга страна мислам дека “филмчето“ беше порака не толку за него и неговите другари, колку за идните кандидати за крадење и проневера на државен имот. Ако имаат малку од малку во главите новиве министри, нивните заменици и сите ешалони на власт нека размилат. За 4,6,8 години можеби тие ќе “летаат“ на сред аеродором како што “леташе“ малио Саша пред полициските службеници.
И нормално уште еден кец на десетка за “тазе-ѓомити“ консолидираната опозиција. Еве го правото лице на власта која малтретира невини луѓе. Секој еден е невин додека не се докаже спротивното нели. И нормално беше да се дигнат и да викаат. Тоа и го сторија. Излегоа на ТВ излегоа по весници згрозени од силата и начинот на кој беше приведен нивниот заменик министер за економија и главен осомничен во аферата “Денационализирано земјиште т.е Бачило 2“.
Опозициските осуди и негодувања беа испратени на сметка на власта, на Премиерот и МВР за “спектакуларноста на апсењето“ за “филмувањето на настанот“ за “објавување на снимките“. Они се згрозени од дилентантизмот со кој Владата(???) пред народот ги емитувала снимките. Дури на крај на нивните беседи едвај, дали имаше збор дека полицијата ја прекршила(или можеби не) процедурата. Немаше никаде барање тоа да се провери и испита. Немаше никаде опозициска критика за немањето sense
при вакви ситуации од страна на полицијата. Немаше повик за земање на одговорност на оние кои ја воделе акцијата.
Додуша имаше реакција во таа насока ама за жал(или за среќа) не беше опозициска. Премиерот на Василица во Мичурин изјави дека тој веднаш по снимката реагирал и се интересирал дали е тоа во ред и дали процедурата е таа или МВР нешто прекршила. Што ли во тие мигови правеше лидерот на опозицијата и нејзиното јато. Зошто тие не реагираа на овој начин? А да се сетив. Они се држеле до традицијата и во ресторанот “Лира“ славеле СДСМ-Василица. Дури и танцувале прегрнати еден до друг.
Вчера (15.јан) се сторија точно 15 години од првото воопшто признавање на Република Македонија за самостојна и независна држава. Тогаш спор околу името уште немавме(се измисли некој месец потоа) па така го добивме и првото воопшто признавање под нашето (тогаш) единствено, а сега уставно име Република Македонија. Овој чин кој ја израдува тогаш половина нација, а на половина и остави горчливо чувство во устата го направи соседна Република Бугарија.
Истата онаа која денес ни мафта со закани од типот “ ќе видите вие, кога ќе дојдете пред ЕУ“. Бугарија која не призна, и сега сеуште не признава ама онака како што и е нејзе воља. И нивно право е. И јас да сум Бугарин на секој можен начин ќе ги провоцирам Македонците не за друго зошто цел живот ме учеле дека тие ни ја крадат историјата и минатото.
Од македонска страна никаква реакција. Никаков глас. Барем едно соопштение да пуштеа во етерот. Што се вика едно фала да кажевме. Не бре.
Зошто мислам дека требаше да се направи тоа. Многу едноставно. Ако они (Бугарија) си ја доделиле себе си улогата на деструктивци и провокатори, еве ни шанса ние да ја имема позитивната улога. Они нас ни праќаат протесни ноти за тројца пијаници тепани на Кеј, еве едно искрено благодарам за признавањето. По европски дух на добрососедство здравје. Они ни шибаат редови за визи, нема проблем. Еве едно симболично коктелче од 30 мин. за цел дипломатски кор на кој Претседателот на РМ или на Собранието ќе викне едно благодариме на нашиот сосоед кој покажа разбирање за историскиот момент и ја призна македонската држава. И така ќе им потрубиме малку повеќе од вообичаеното Македонија, Македонија, Македонци, македонска итн итн... Ама ништо. Минус за власта уште поголем за опозицијата. Зошто?
Зошто власта (по дефиниција) греши и се чека да згреши за да може опозицијата да поентира. Овој пат опозицијата одмолчи. А молчи зошто и годи тепањето квази блгари на Кеј. Од една страна збираме минус поени пред ЕУ(па тука ќе поентираат од СДСМ) од друга страна се ситат кога истите тие квази-блгари јадат ќотек (ако воопшто некој ги тепал). Епа не се игра така. Уствари ја па ќе ви кажувам како се игра. Сте вежбале Вие на Василица во “Лира“ како се игра. Бране до Рада, она до Бучко, а зад грбот на Рада они двајца фатени за рака. Ами како.
Метју Нимиц дојде и си отиде. Дојде со 3:0 за Грција си отиде со 5:3 за Македонија. Дојде да слушне што е тоа околу “тој“ Александар Велики, за да на крај научи од каде е Сонцето, од каде се симболите каде е клучот на цивилизацијата на Балканот. Не знам дали му ја приметивте фацата. Обично има без-изразна фаца на дипломат ама кога го шетаа по Театарот и пред Св.Софија имаше фаца како мало дете кога држи Playboy
во раце. Владата се потруди како знае и умее и колку знае да се одбрани и да нападне. Прво го бранеше “прашањето“ на аеродоромот, потоа нападна со охридската епизода и лобирањето преку иконите, пехарите, прошетките и беседите на Паско Кузман. И се тоа беше помалку или повеќе Ок. Ама ко да фалеше нешто во цел овој “Метју Нимиц викенд“? Да бе фалеше опозицијата. Немаше ни глас ни збор од нив. Немаше никаква поддршка ни за името ни за аеродоромот ни за ништо. Зарем така ние пред светот ги манифетираме единството и заедништвото околу националните прашања и најголемото од нив нашето УСТАВНО име? Е браво бе. Да не бевте презафатени со танцувањето у скопска “Лира“ по повод Василица?

Нема коментари: