Кој кого .....?
Поминаа првите сто дена, помина и Нова година и Божик, вторите сто дена шибаат без и да ги приметиме. Владата си работи, Собранието и така и така, администрацијата како и секогаш 2 напред три назад. Опзоцијата закрепнува од Knock out – от, а народот чека резултати па резултати.
Избравме влада каква што сакавме. Од тоа што беше понудено, го избравме дечкото за Премиер. Дали оти вети најмногу, дали оти другиот не вети ништо, тоа си е наш пробелем. Ние бираме ние гласаме. Никој од страна не ни ја наметна. Немаше досадни емисари да ни ја држат раката на гласање, немаше ретардирани пораки од странство дека ние сме “паметен народ кој знае кого ќе избере – ама не тие – другите за да бидете паметен народ“. Имаме влада со најголем рејтинг или доверба воопшто. Се сомневам дека и Црвенковски 1994г. Имаше ваква поддршка и доверба кај граѓаните. Приказни дека анкетите се фингирани се смешни. Ако беа реални за сините во нивно време, значи дека и сега за портокаловите се реални. Или и сините лажеа на времето?
Имаме влада со најдобар PR ever. Имаме влада со најмлади министри, со извонредно амбициозна програма итн итн.
Од другата страна имаме жена лидер на опозицијата, а жена кај што ќе се замеша замешано е. Препукувањата се вообичаени, заебанциите исто така.
Единствената разлика која ја имаме во овој изборен циркус, пардон циклус е начинот на работа на Владата, а со самото тоа и на опозицијата. За Црвенковски долги години се плетеа приказни како за харзиматичен, интелигентен, снаодлив, мудар играч. Дури своевремено беше наречен Византиец. Неговата способност всушност се сведуваше на ефтини штосови со кои постојано го дефокусираше политичкиот живот што подалеку од каканиците кои ги правеше он и неговите пулени.
Шверц на нафта(кој сега се документира) он не плашеше со војната у Босна дека ќе дојдела и кај нас. Промена на името он не мафташе со планови за поделба на замјата. Девалвација на денарот (три дена унапред најавена кај олигарсите тогаш олиго-ембриони), он на исти ден “се бореше“ у Гостивар за знамето итн итн.
Наспроти неговата харизматичност и “едноставно, нели“ уривачката политика на Љубчо сега има една нова ситуација. Многу мудро и многу вешто (кој и да го смислил секоја чест) новиве ја водат работава. На дете кога плаче му се дава најсветлуцавата и најинтересна играчка за да се смири. Штом се смири мама може да го прави ручекот на мир. И сега.
Владата им фрла јадици на опозициските партии, а овие као кленови се ловат. И така уловени се плеткаат и скокаат на блинкерот додека овие ја терат работата.
Пример 1. Бадинтеровото мнозинство и Комитетот на заедниците. Им уфрлија нивни пратеник (Влинка) место Макрадули. Опозицијата налета и ја лапна мамката. Потроши месец дена на тие препукувања. Сето внимание беше насочено на тоа и на Законот за полиција. На крај законот помина според планот на Владата, ама после недела дена помина и многу побитниот за владата чекор, рамниот данок. За тоа опозицијата едвај да гугна три збора и тие беа погрешни нормално.
Пример 2. Највија обвинител странец и го сменија обвинителот дибек. Ја навлекоа опзицијата на теренот обвинителство какво и со кого. И додека сините ја трошеа енергијата на таа приказна Бунарџик заживеа после 8 години. Johnson Controls прва асолна green filed инвестиција во Мк.
Пример 3. Рубинчо Заревски. Миленичето на Бранко 24 часа во затвор. Опозицијата со пресечени ноѕе. Викаа, викаа плачеа, а пред нос Владата им изведе апсења и разби две големи афери. Бачило и шверцот на оружје.
Пример 4. 100 дена влада. Отоци ни излегоа на сите од досадното верглање на истот опозициско прашање. Колку та колку кошта кампањата 100 дена Влада. Премиерот одговори на средбата во МТВ, а овие уште месе дена го повторуваа истото прашање. И нормало они додека го вртат глупиот муабет за кампањата, ете ти нов министер за ИТ (информатички технологии)
Пример 5. Ќе граиме ли Офицерски дом и Театар во Скопје или не. Опааа сите 32 комада од СДСМ се фатија на орото. Не не не...никако ова она ти реков ми рече. Они се попалија на темата, еве ти ја II та green field инвестиција во Македонија, Swedmilk.
Пример 6. On-going. Предлог закон за празници. На тв секој ден во живо. Викаат ли викаат треба или на Задушница, дали е 23 октомври македонски или ВМРОвски ден. И додека сините викаат другиве 500 кгр дрога на ачик пред сите. Овие уште викаат за празниците, додека Владата тивкополека си ги тера битните за неа и за граѓаните работи.
Извонредна играчка. Секое бебе во лулката има тропалки за да се занимава со нив додека мама и тато работат ли работат.
Состојбата со ДУИ нема потреба да се коментира. Тие беа решени со еден потег уште веднаш по изборите кога јасно и гласно им беше кажано дека за терористичка органзиација нема место во Владата.
И сега да се вратам на почетокот. Кој кого .....надмудрува?
(Вие да не помисливте нешто друго во прашањево.)
Нема коментари:
Објави коментар