понеделник, 19 март 2007 г.

Ем либерал-демократи ем експерти.....

Либерално – демокртска, од секогаш оваа политичка флоскула ме асоцирала на нешто cool, на нешто интересно, на нешто блиско до сите, прогресивно, полно со разбирање за секојдневните потреби на луѓето. Без разлика дали се работи за либерално – демократски патрии кај нас или некаде подалеку или се работи за идеологијата и идеата како таква. Едноставно напредно и многу прифатливо за секого.

И читам денес пресс конференција на нашата македонска либерално – демократска партија и на нејзиниот образовен експерт и градски советник инаку универзитетски професор.

Читам и имам дилема, море имам повеќе дилеми. Го утнале текстот, ја утнале темата, некој им го хакирал сајтот па натропал работи кои немаат врска или во ЛДП или едноставно го утнале човекот задолжен за држење прес конференции.

  • ЛДП со загриженост ги следи настаните на сите нивоа во образованието особено оние кои се случија во изминативе денови. – вели нивниот локален експерт и продолжува.
  • Убиството на ученикот во Сингелиќ, случајот со Ванеса во Тетово, претепаниот наставник во Арачиново, ученичките тепачки во автобусите, видео клиповите и низа други настани покажуваат дека состојбите во македонското образование одамна излегле од контрола. Смета ло МОН дека е ова нивен или проблем на локалната самоуправа.

И оди сега со вакви луѓе гради држава. Безобразно преметнување на фактите и инсинуирање. Мешање “баби и жаби“ се со цел да се постигне својата цел, а таа е п(л)укање во празно.

Убиството во Сингелиќ (прво и основно не ни знаат дека настанот не се случи во населба Ченто него во село Сингелиќ) е резултат на состојби кои владеат во нашево општество, а се далеку далеку вон силата и ингеренциите на МОН. Тоа е последица на криминализцијата на дел од нашите сограѓани како резултат на појавата на едни новокомпонирани “шумкари“ кои знаат две работи. Да баратаат со сите видови оружја во сите прилики и да баратаат со сите видови оружја во сите прилики. Партијата на неуважениот господин експерт беше на власт цели 4 години после конфликтот во Македонија, токму во периодот кога најмногу ни беа потребни проекти и активности во насока на разоружување и намалување на стапката на криминалитет и употреба на оружјето како последица од истоиот тој кофликт, но такви акции не видовме. И еве ги сега последиците.

Малата Ванеса од Тетово во најголем дел одговорноста за она кое го доживеало тоа мало девојче паѓа не на МОН и не на училиштето каде таа учела него на Заводот за социјална грижа, дел од МТСП кое беше под мудрото водство на либерал-демократот Јакимовски. Ученичките тепачки во автобусите, кога владата се обидува да ги сузбие со засилување на контролата и со поглем број на полицајци во униформи или цивилно, ЛДП како водечка партија која ете е за заштита на правата на граѓаните вреска колку ја држи сила дека се тоа недемократски средства и репресија.

Видео клиповите, ах тие видео клипови. Сите до еден снимени во елитните скопски гимназии, водени од елитните директори на елитните опозициски партии. Елитни во се па и во цврстото држење за фотељата како крлежи за “знаете што“. Ќе пукнат ама фотељата не ја оставаат, а ако некој им ја земе зошто 15-6 годишни девојчиња пред камери пружаат фелацио, е тогаш овој господинов и нему сличните ја обвинуваат власта дека на недемократски начин сака да ги смени директорите и да инсталира партиски војници. Поарно еден батаљон партиски војници отколку 10 порно тинејџерки, ако веќе така играме.

Врвните глупости на ЛДП допрва следат.

  • Укажавме дека проектот за задолжително средно образование се турка надвор од сите вообичаени стандарди небаре од тоа зависи иднината на Македонија. Смета ли некој дека за вакви прашања нема потреба од јавна расправа? До кога во Македонија прво ќе ја дефинираме целта, а потоа ќе собираме аргументи во прилог на претходното – вели експертот.

Објаснив погоре на што ме асоцира либерално-демократсктата идеа. И сега се мислам што им се случило на овие нашиве ЛД? Можно ли е навистина да не знаат и да не научиле дека иднината на секоја земја, а особено на малите земји како РМ е во развиеното образование. Зарем навистина до толку не им фаќаат “црпките“. Зарем уште ги држи инерцијата на некои стари времиња па веруваат дека иднината на земјата лежи во што знам силната народна армија или самоуправувањето. Па и Маршалот на времето правилно имаше проценето, дека “Држава со ваква младина не треба да се грижи за својата иднина“. Ете каде не однесе таа маладина сега се кој до кој етаблирани експерти. Проценил Стариот дека нешто во обраованието на неговата младина е погрешно, па затоа така и рекол. Бадијала сите меѓународни фондации, бадијала и Фридрих Нојман и сите семинари и сите изедени пастрмки потоа ако уште не научиле во ЛДП дека образованието е она кое ќе не извади од “*******“. Денес кога сите се тепаат да влезат во ЕУ кога во САД копјата се кршат за тоа парите од војните по светов да се пренаменат за подобрување на американскиот образовен систем, некој некаде во земја со 2.0 м. жители да раскажува дека образованието не е најбитната работа за оваа држава е или идиотизам или невидена неписменост или пак е чист инает зошто не им текна ним ами им текнало на другите.

Јавна расправа. Чуму јавна расправа, кога нема што да се понуди на таа расправа освен ретуширани говори и неколку бајати шеги како крај на говорот. Во Македонија јавните расправи секогаш завршуваат со добро размрдани вратни пршлени од премногу јакото климање или пак завршуваат како јавни расправии, во секој случај завршуваат по што нормално следува богата закуска со ручек и помор на некој биолошки вид (зависи од местото и времето).

Во Македонија прво ќе се дефинираат целит, а потоа ќе се бараат аргументи се додека живеат луѓе кои не можат да разберат и не сакаат да ги видат аргументите кои постојат како “слободни елементи“ во природата и општеството. Ако ЛДП-овци во конкретнава ситуација не гледаат зошто на РМ и треба задолжително средно, зошто и требаат нови средни школи, нови програми, нови наставници нова крв од сите страни, тогаш нормално е некој да постави цел па одново да ги собира аргументите и да им ги бута под нос. Впрочем драгиот пријател на ЛДП од “планините“ делува вон институционално поради што мора и иницијативите кои се корисни за сите, а пред се за нив “планинците“ да се тераат на сите можни начини за да се постигне целта.

И на крај нормално вечната тема и инспирација на нашиве ЛДП-еовци:

  • Владата брза со воведувањето(повторно) на веронауката во училиштата иако знаеме дека тоа е против уставно иако експертите укажуваат дека е потребен курс што ќе дава информација а нема да служи за индоктринација.

Владата брза за да ја извади Македонија од опашката на Европа на која сме заедно со Албанија, Црна Гора и Франција како единствени без верско образование.

Противуставно? Каов е тој устав кој на 84% македонски граѓани изјаснети како верници и на 54% од нив кои сакаат верско образование им го брани тоа. А да тоа е оној Устав кој нели смее да го менува само ЛДП кога е на привезокот на СДСМ и кога имаат барање за клепање на амандмани од “шумкарите“ од Шипковица. Во спротивно Уставот не смее да се менува, па макар со тоа се обезбеди средно образование, да се обезбеди верско образование. да се обезбеди напредок или поголем световид. Скраја било. Експертите укажуваат ама експертите и инсинуираат и прејудицираат инаку од каде тие мудри експертски глави знаат дека верското образование во РМ ќе индоктринира. Зарем ги виделе наставните планови, ги читале тематските единици, разговарале со предавачите на овие курсеви. И од кога тоа дипломираните хемичари не индоктринираат, а дипломираните теолози тоа го прават.

Голема среќа има во оваа несреќа од пресс во кој партијата на либералните демократи ги артикулира своите ставови. Големата среќа лежи во фактот дека ЛДП има само 0.2% популарност во РМ и тоа влева надеж дека полека полека идеме кон главниот пат. Со вакви експерти искрено мене ме чуди од каде и им се тие 0.2% популарност?

1 коментар:

Анонимен рече...

пособие для молодых родиелей.
Мы даем инфармативное пособие которое поможет всем
инересующимся родителям узнать как проше ухаживать за вашим масиком посетите http://rubebi.ru
Извините что может не в ту тему добавил. но не нашел раздел общения
[url=http://rubebi.ru/mult/page/54/]Мультфильмы скачать бесплатно[/url]