понеделник, 26 март 2007 г.

Покани и пораки

Знаеме ли да ги читаме политичките пораки, без разлика дали се од надвор или домашни?
НЕ. Поткрепа можеме да најдеме во речиси секоја постапка или изјава како на нашите политичари така и во пишувањето на медиумите па и на експертската и обичната јавност.
Минатиов викенд ЕУ прослави 50 години. Главата ни ја пукнаа со приказната за нивната Декларација која живот и иднина значи. Толку сликање, толку самобендисаност и толку глумење загриженост за нивната иднина не се гледа секој ден. Од самит на самит се гледа. Но европските работи се нивни, а не наши. Ние овде си имаме свои проблеми, свои домашни задачи и свои амбиции. И нормално како секој “ученик“ правиме се да не ги направиме ниту навреме ниту онака како што учителката наречена “старата дама“ ги бара.
Самитот кој одбележа 50 години помина без нас. ЕУ-јанците си ја прославија годишнината без да ги поканат Фиромците. Ај што не не поканија не не ни спомнаа, ниту по име ниту по регион ниту пак како некоја таму далечна земја со весели и мрзливи луѓе кој имаат мерак на пушки и шверц. Да не се лажеме најчестата европска слика за нас е во овие или слични рамки.
Само што почна самитот стигна радосната вест за нас. Сепак некој таму некаде во Берлин се сетил да не покани. Е добро де, на маргините ама се сетил. Најверојатно имале салата Македонија како десерт, па го асоцирало на Фирмоците и дај како така да ги поканиме. И смислиле начин.
Европските народни партии и демохристијани го поканиле премиерот на РМ и лидер на народната-демохристијанска партија од РМ да присуствува на паралалниот настан со самитот на ЕУ. Имено двата најголеми евро-политички блока, десните народни-демо-христијани и левите-социјалисти паралелно со самитот си организирале свои одделни журки и седенки во Берлин. И стигна веста која ни требаше како лепче. Никола Груевски е поканет, но левите ја заборавиле Радмила. И сега???
Покана и порака. Се во едно. Не-покана и пак порака и пак се во едно.
Нормално најбрзи се нашите медиуми и првите диви во секоја новинарска куќа пооделно. Се дадоа во толкување на пораките и поканите. И додека тие мудро ги толкуваа стигна македонскиот автогол. “Види будале“??? Груевски не иде у Берлин. Ја откажал посетата поради презафатеност. Па дали е он нормален. Мислам Hallooooo. Покана од ЕУ на самит макар и по партиска должност да се одбие. Мислам Hallooooo. Дали сте вие премиер или не. Сега ќе видите. Сега ќе ви ја протолкуваме пораката на нивната порака.
Нашата јавност во одбивањето на Груевски да оди во Берлин успеа да види, немање чувство за државност. Губење шанса да се промовира РМ. Незаинтересираност за нашата ЕУ иднина. Немање капацитет да се справи со сите обврски и должности, па дури некој виде и пораз пред Грција за името????
Како едноставно, паушално и аматерски се толкуваат пораките и поканите кои доаѓаат и од едната и од другата страна.
Како тоа сите наши медиуми кога Солана итно замина за САД оставајќи го Груевски сам во Брисел, потегот го толкуваа како реакција на несогласување од страна на еврокомесарот со политиката на Владата на РМ, а сега одбивањето на Груевски да оди во Берлин се толкува како не знаење. Ај тоа, него Санадер отишол. Ееееј Санадер? Алооооо.
А што ако македонскиот Премиер со својата одлука да не оди во последен момент, реши да испрати поинаква порака.
Не нема во декларацијата, не плашите со губење на статусот кандидат за членство. Ги оспорувате нашите економски реформи (ставање под прашалник на економските зони), не сакате да го видите политичкиот дијалог. Упорно одбивате да соопштите било каква позитивна вест околу датумот за почеток на преговорите со ЕУ, се правите недоветни во однос на шенгенскиот режим и напорите (доволни или не, ама сепак напори) кои ги прави РМ во тој поглед, епа што сакате? Ни ја пративте намерно или ви избега случајно тетка Меглена? Јас мислам дека ви избегала и во исчекување на “оние денови“ сета нервозна и лута ве направи мајмуни сите од Баросо до портирот на влезот. И сега не каните, а?
Прво зошто воопшто каните некого на прослава ако пред прославите правите се за да го оддалечите од вас. Второ зошто каните на коктел некој со кој очигледно барем во мометнов не сакате “да пијате вино“?
И пази сега “малиов“ ни три ни пет им откажа у последен момент. Сервирано, наместено, собата резервирана, а овој дрзок и непримерен им вика “Извинете имам работа“. Да, да имам работа. Имам криминалци за ловење, имам митаџии за апсење. Имам земјоделци кои немаат леб да јадат. Имам 400.000 невработени, имам пола милион млади кои сакаат ама не знаат како да си ги издржуваат семејствата. Имам стари луѓе кои ми спијат пред Собрание зошто тинтрајќи ве вас и вашиот ЕУ кеиф не смееме да им го решиме статусот. Извинете ама стварно не ми е до декадентност и лажни насмевки.
Да, ама Санадер бил и рекол ека Хрватска е 28 земја членка на ЕУ. Е рекол, ама на Хрватска никој не и става сопки. Австриските еврокомесари не викаат дека за Хрватска не треба датум. На Хрватска никој не и дава замерки зошто немаат дијалог со српските малцински партии. На Хрватска никој не и го оспорува пасошот, името, јазикот, културата, Црквата. Епа затоа Санадер вика, а Груевски седи и р`мба 24/7. Нејсе,де.
Бидна тоа, како така преживеавме и ние без нив и тие без нас. Него зошто евро-социјалистите не ја поканија Радмила на коктелот? Да не сакаа да кажат тие дека не ја сметаат неа за лидер на левите сили во РМ. Е како? Па она е легитимно избрана за лидер во трка со еден каде не може да има намештаљки. Па она има амин и од “Папата“ и од “Таткото“ и од “Лицето“ од сите тројца има. Што? А да од режија ми јавуваат дека и од “Октоподот“ има амин да биде лидерка. И сега на толку дозволи за лидерство евро-социјалистите нас ни праќаат порака дека нешто не е во ред и дека они не можат да поканат некој кој не го сметаат за релевантен фактор. Или пак можеби не сакаат некој кој има гооолеми 0.453754% популарност кај народот.
А пораката зошто ДУИ-МУИ-ПДП-шумкарите не беа поканети. Па зарем ЕУ не знае дека кај нас се е рамковно. Зарем ЕУ мисли дека некој од Фиромциве би си дозволил да крка пирошки покрај Бранденбург, без да има и за побратимот му, отаде Групчин до него. Како не им е срам на ЕУ, да го заборават тоа. Или пак и тука ни пратија порака која не знаеме да ја прочитаме. Можеби не сакаат терористи во костими. Можеби им е страв ако дојдат тие, да не дојде и Џери Адамс, да не дојде и оној од Билбао, кому уште ни лице не сме му виделе а камо ли име да му знаеме. Ама чекај сега. Не ги канат не ги спомнуваат, а овде Фуерето нон стоп е со нив. Како така. Двоен им е аршинот или не им сече тиквата? Или пак и заради тоа им остана едно место празно, еден ручек не изеден?
Хм? Чудна работа целава оваа прослава на 50 годишнината на ЕУ. Вака ако се задлабочи човек многу што може да му текне. Затоа поарно да си седиме дома и да си слушаме/читаме што Б-иЉ-аН-а С-еКУ-лов-ск-А и останатите новинарски пердуви виделе и насетиле во постапките на ЕУ и на нашиве домашни палавковци.
По нивното Но-ви-НАР-с-Ко искУ-ствО уште сега е јасна барем една работа. 2057 година на 100 годишнината 102 % ќе не поканат. Абе жими ЕУ ќе не поканат. Верувајте им.

3 коментари:

Unknown рече...

две одлични кратки анализи на тема воведување на веронаука во системот на јавно образование може да се најдат на веб-страницата на Центарот за Истражување и Креирање Политики (ЦРПМ) www.crpm.org.mk

едната од нив е ептем нова, од пред неколку дена...

http://www.crpm.org.mk/Papers/Policy%20brief13%20Maked%20Veronauka.pdf

http://www.crpm.org.mk/Papers/ProektVeronaukaMak.pdf

Фројд. рече...

Христос Воскресна...

Константин рече...

Вистина Воскресна