- Европски искуства
За вистинскиот избор на моделот на верско образование, потребни се вистинските информации, искуства и пред се и над се вистинска, оригинална идеа која ќе ги почитува потребите на општеството и граѓаните.
Да видиме какви се состојбите и кои се искуствата на оние кои се најблиску до нас, европските земји.
Европа е мултиконфесионална, но гледано по држави има различни ситуации. Има држави кои се верски хомогени има држави кои се поларизирани, биконфесинонални има и мулти конфесионални. Секоја од овие држави има различен пристап и на основа на тоа има и различни искуства во поглед на верското образование. Она кое може да се сумира во овој поглед како карактеристика за сите европски земји е фактот дека сите имаат некаков вид на верско образование и сите се соочуваат со пораст на плурализмот во верувањата, вредностите и начините на живот кај нивното население но истовремено расте и секуларизацијата на општеството кај сите.
Поаѓајќи од двете основни форми на верско образование, конфесионалното и неконфесионалното секоја европска држава изградила свој карактеристичен начин и систем во кој го имплеменитра овој тип на образование и на тој начин ги задоволува потребите на граѓаните.
Онаму каде преовладува ставот дека е е потребно образование кое ќе произведе традиционални вредности и каде се очекува да ги оспособи учениците да се справат со различните религиозни тенденции се применува конфесионалниот модел на образование.
Останатите го применуваат неконфесионалниот модел со основна цел да се изучат основните религиски системи и учења. Во таа насока неконфесионалното образование се применува како посебен предмет посветен на изучувањето на светските религии или како интегрирано образование преку предметите: Историја, Социологија, Етика, Граѓанско образование исл. Одредени држави применуваат и тн. повеќеверски приод кон веронауката. Англија. Велс, Шкотска, Шведска, Холандија, Данска и Норвешка во своите системи предвидуваат изучување на сите светски религии берз катехизам во нив.
Веронауката како посебен предмет. Денес само 4 држави во Европа немаат посебен предмет без разлика на името, формата и содржината, посветен на верата. Тоа се Франција, Албанија, Црна Гора и Македонија. Сите останати го имаат како посебен предмет.
Конфесионалната веронаука се нуди во три форми:
- како задолжителен предмет (Австрија, Кипар, Финска, Германија –со исклучок на некои покраини, Грција и Ирска).
- Изборен предмет таа е во Бугарија, Хрватска, Чехија, Естонија, Унгарија, Италија, Латвија, Малта, Романија, Словакија, Шпанија и Србија.
- Изборен – задолжителен предмет е во Белгија, Литванија, Луксембург и Португалија.
Босна и Херцеговина веронауката ја има во сите три форми, а Швајцарија има задолжителна и изборна.
Вака организираните предмети наменети за верско образование најчесто се и во ингеренции на различни фактори во државите. Така кај конфесионалната веронаука за наставните планови се задолжени верските заедници (Белгија, БиХ, Хрватска, Србија, Словакија, Шпанија, Грција, Италија, Унгарија, Ирска, Полска и Романија), а во Австрија, Финска, Германија, Шведска и Швајцарија таа одговорност подеднакво и во договор ја имаат религиските заедници и државата.
Кај неконфесионалната наука најчесто изборот и креирањето на наставните планови и модули е во надлежност на државата преку нејзините институции или локалните власти во договор со верските заедници (Британија).
Најстарата европска институција Советот на Европа која е задолжена за развојот на демократките општества и човековите права ја дава следната препорака:
Настава за различните религии во форма на неконфесионален предмет во јавните училишта во сите европски земји (вклучително и оние каде веќе има конфесионална веронаука).
Сите овие модели се далеку од идеални, за што најдобар доказ се критиките кои доаѓаат од сите страни. Секогаш некој е незадоволен или смета дека нешто му е одземено или на другиот му е дадено повеќе. Најгласните критизери на неконфесионалното религиско образование се Црквата т.е сите верски заедници. Тие сметаат дека го имаат правото па и монополот ако сакате врз верското образование. Наспроти нив стојат граѓанските организации кои во напливот на вакво образование гледаат закана за оние кои се декларираат како атеисти или пак гледаат ретроградни процеси па дури и скриена опасност од влегување на фундаменталистички – ретроградни идеи во секојдневниот живот на секуларна Европа.
Она што се наметнува како основен заклучок од различните европски искуства е дека не постои еден модел применлив за секаде, напротив. Секоја држава зависно од своите потреби и од констелацијата на версските односи кај себе го гради системот на верско образование во јавните училишта.

Нема коментари:
Објави коментар