“ Долгот спрема народот и татковината до исполнување на истиот се нарекува национален идеал“.
Секој ден, буквално секој божји ден, барем 20 пати оваа мисла на Крсте Петков Мисирков врти на телевизија. Секој ден, ја имаме пред очи наједноставната, најдобрата и најјасната дефиниција за национален идеал (интерес по современиве терминологии).
И после толку слушање се прашувам:
Дали е можно да сме толкави дибеци и до толку ништо да не ни влегува во главите? Како е возможно а имаме толкав (неисцрпен) капацитет за неучење и неразбирање?
Тито Петковски вчера ни докажа дека правник е поголема категорија од Македонец. Откровение луѓе, откровение.
На заедничката реакција околу употребата на ПЈРМ во Собранието на РМ, на цела комисија за европски прашања, лидерот на втората по сила ??? владеачка партија во Македонија мртов ладен како да е во пиљара одговори, дека тој е правник и дека како правник има начела кои мора да ги почитува.
И овде не застана неговата глупост и мизерија. Наместо да размисли и да се извини господинот Правник, на сета јавност и пркоси со дополнително толкување на работите цитирам:
“Не станува збор за пропуст, ниту за незнаење, туку за свесно формулирање на дневниот ред. Нацрт извештајот не е матерјал на македонското собрание, туку на Комисијата на Европскиот парламент и јас немам право да го фалсификувам. Документот е преведен во оригинал“
А кој тебе господине Продадена Душа, ти дозволува да го фалсификуваш името на мојата држава, да го фасификуваш моето национално чувство и мојата припадност. Кој ви го дал право да се ортачите со некој си таму белосветски ороспии и педерасти од Комисијата на Европскиот парламент и да имго правите кејфот, газејќи по моето и името на 2 000 000 (- Вие) жители на Македонија.
Што добива за возврат тажната креатура Петковски кога изјавува дека не станува збор за незнаење или прпуст туку за СВЕСНО формулирање.
За Љубчо барем знаевме дека добива пари, добива вили или острови што и да беа, кога онанираше дека треба да се викаме Горна или не знам која Македонија.
Секој нормален човек разбира дека кога некој свесно прави работи зад тоа стои некаков договор идеа или интерес. Каков интерес има овој грчки сват со туркањето на ПЈРМ во Собранието во кое е донесен Уставот во кој стои УСТАВНОТО име на Македонија. Што добива овој грчки јаничар кој секогаш кога во Македонија (или како што тој ја нарекува ПЈРМ -во оригинал) има политички проблеми е на Халкидик?
Овој ли е уфрлениот играч, во оваа влада. Овој ли е новиот Јуда кој треба да бакне некого пред да ја распнат Македонија, за да се роди новата ПЈРМ.
17 години тонеме ли тонеме од вакви ретардирани умови кои се промивираат во нешто кое ни самите не го разбираат.
Само една работа не ми е јасна.
Зошто другите од страна седат и гледаат како теле во шарена врата. Кажаа што имаа синоќа во Собрание и толку, на крај се согласија да се смени текстот, ама фуснотата да остане. Битанги.
Само за пример една хипотетичка ситуација. Нека стигне во Хеленското собрание, текст на организација која го користи пиратското име Република Македонија, наместо оригиналот ПЈРМ и тамошниот претседател на комисијата нека изјави дека како правник мора да се користи преводот на Република Македонија на грчки “Демократија Македонија“, па да видиме што ќе се случи.
Најблагата варијанта е неговите колеги парламентраци да го обесат на првата бандера на Синтагма, а најлошата мислам дека ќе биде да го рстргнат 2 милиони Атињани.
Ама не сме ние такви, офци сме ние.
За возврат што гдинот Тито остана во владата, сега Премиерот ќе го премолчи настанот. Нема да реагира ни директно претпоставениот на парламентарецот петковски, а тоа е Претседателот на Собранието. Нема да реагира никој едноставно нема. Уствани не ќе реагираат. Ќе реагираат во Грција. Ќе реагираат во ООН, во Брисел во комисијата на Европарламентот. Тие луѓе знаат да ги почитуваат другите и знаат дека треба да се почитува желбата на секој да се нарекува како сака, па кога ќе видат дека македонските офци сакаат да се нарекуваат ПЈРМ, а во фус нота.....(кој денес чита фус ноти, бе) така и ќе не викаат. Па и сме заслужиле нели. Додека не водат Правници, наместо македонци така и ни треба.
И после другите ни биле криви, како не бе, ко ќе си го видам тилот.
1 коментар:
[color=#336688]
Как дела? И кстати.. есть мега мысль по[url=http://www.pi7.ru] видео[/url] порталу Думаю вам понравится
[url=http://www.pi7.ru]сексвидео [/url]
aнекдот для разнообразия :)
Скажите, а противогаз не мешает вашей интиной жизни?
- Ну что аы, наоборот! Во-первых, жена молчи,т во-вторых, я не ижу ее лицаа, ну и в-третьих, когдав я зарываю клапан, она начинате немножко шевелиться.
Я 5 часов булюдала по сети, пока не вышела на ваш форум! Думаю, я здесь останусьл надолг!о
прошу прощения за опечатки.... очень маленькая клаввиатура у PDA!
[/color]
Објави коментар