Независно новинарство, право на говор, слобода на печатот...... 17 години ушите ни се полни од вакви фрази. Нема недела во која некој нема да каже барем нешто на оваа тема. И така секој ден право, слобода, независни, слобода, право, независни и опааа во Македонија новинарите станаа безмалку “заштитен дивеч“. Секој закон, секоја норма која не им се бендисува е напад врз слободата на новинарството. Секој обид да се санкционира одредена новинарска неодговорност се прогласува за цензура, за напад на независните медиуми и сл. Секое незгодно прашање до било која медиумска куќа или новинар поединечно, елоквентните пера одма го преточуваат во мешање во уредувачката политика.
И во желба Македонија да има навистина независни, слободни, отворени и пред се критички настроени медиуми им се дава им се пушта им се прогледува низ прсти дури и им се “оди по газот ко на мали деца“. Е арно ама приказнава се развива како и секоја приказна во кој има палаво и неразбрано дете кое цело време кемка и бара повеќе и повеќе.
По трагите на истражувачкото новинарство, наметнати со плаштовите на слободарскиот збор македонскиве новинари се растрчани и неуморно збираат ли збираат информации со кои ја информираат јавноста. Но дали?
Ја информираат или ја дезинформираат? Градат или уриваат во јавното мнение. Влијааат во создавањето на позитивни ставови кај луѓето или ги расклатуваат до крај и онака разнишаните вредности нагризани од “вековниов“ транзициски сомнеж.
Не знам како поинаку да ги толкувам најголем дел од однесувањето на голем дел ѓомити етаблирани новинарски пера кога информациите не ги пренесуваат ами ги толкуваат. И тоа можеби и не би било толку лошо, ако толкувањето е правилно или подобро да речам неутрално. Но македонскиве новинари во трка по само ним познати цели вестите ги преработуваат и ги толкуваат онака како ним им одговара и ништо повеќе. Или можеби да бидам попрецизен така им одговара на нивните работодавци кои ги учат на основите на “слободното“ платено новинарство и независната “наметната“ уредувачка политика.
Еве еден пример.
Кампањата на Министрството за финансии “За заедничко добро“. Немаше медиум кој барем 2/3 од вкупниот простор одделен за веста не потроши на прашања колку пари чини, дали вреди, дали е потребно и парите,парите, парите....... А ни еден од тие исти медиуми немаше доблест да спомне, не мора да каже, доволно е да спомне, дека 90% од тие 400.000 евра наменети за кампањата ќе одат токму кај нив(медиумите) како платена реклама. Да не правам сега математика со вредноста на една секунда на ТВ или еден лист во весник по толку медиуми по толку дена итн итн. Никој не кажува дека од таа кампања најголем бенефит имаат токму медиумските куќи и новинарите вработени таму, а дури потоа бенефитот ќе биде за граѓаните преку подигнатата свест за наплата на даноците и сл. Ако сме чесни и ако сме отворени да бидеме до крај. Никој нема да се налути што парите ќе одат кај медиумските куќи, впрочем таков е системот и така функционираат и тие и кампањите и се друго.
Друг пример.
Шокантно, скандалозно, предавнички.....галамат и не известуваат дека со брзина на светлината расте поддршката за антимакедонската резолуција во Конгресот на САД. Ја поднеле 7 а веќе ја потпишале 43 конгресмени. И во сета оваа паника медиумите прстот го вперуваат кон МНР и Владата која дозволила да се случи ваква резолуција во Конгресот на САД. Наместо Груевски да го распушти тој предавнички Конгрес уште кога имал собрано 15 потписи тој чекал да се соберат 43. Ни еден медиум не пренесе колку конгресмени има Конгресот. Ретко кој јави дека резолуцијата треба да мине еден куп комитети и дека и ако се изгласа тоа не е обврзувачка итн итн. Битно тоа е предавство на заспаните македонски институции во чии ингеренции се законодавните тела и органи на САД. Што е уште пожално ни едно “перо“ не се сети да потроши 30тина евра од парите добиени од кампањата “За заедниичкко добро“ и да се јави во неколкуте македонски организации во САД и да праша дали нашето лоби таму и македонската заедница превземаат нешто како контра одговор. Ама таму нема епитети како скандал, предавство, разочараност.
Уште еден пример.
Епископот Јован, во мансатирот Св.Јован Златоуст, го хиротониса за владика монахот Давид. Не сум правник но вака пренесена вест е зрела за кривична пријава за ширење верска нетрпеливост и што се следи. Кој им го дава правото на македонските медиуми, лицето Зоран Вранишковски да го прогласуваат за свештено лице. Според сите закони во државата каде тој живее и каде егзистираат медиумите тој е обичен граѓанин со световно име Зоран(сменето во Јован). Од каде македонските медиуми имаат оправдување и аргументи приватната куќа на двајца битолчани да ја прогласуваат за манастир???? Од кога тоа вечниот студент и бегалец Давид Нивов стана за нив монах кога официјален претставник на МПЦ (по Устав и закон регитрирана црковна институција во РМ) вели дека тоа лице по канонски пат е вратено од верско лице во редовите на мирјаните (граѓанско лице). Како тоа се борат за заштита на идентитетот кога е некој уапсен и покажан на ТВ како криминалец, а нели не е таков додека не се докаже, а сега обичен граѓанин на РМ го прикажуваат како нешто што не е јавно на ТВ. Непочитување на законите пар екселанс.
За кого тоа навиваат македонските медиуми. За Силекс??? Па тој одамна се бори за опстанок во I лига. Не се до толку лузери? Или се....?
4 коментари:
го спомнав пред некое време, сега пак ќе го пренесам муабетот за Кинескиот Ѕид. откако типот мафташе со белото знаме пред владата и сите медиуми рикнаа зошто никој неќе да го прими, наредниот ден сите колеги/шки на работа го бранеа ултимативниот дивоградбеник...
Мене исто ме нервира и што им ја полнат главата на припростите луѓе дека „државата треба да им помогне“ за да им реши некој проблем со нивната состојба. Со тоа ги прават и натаму приклучени на паразитскиот систем на вредности, и покрај суровата капиталистичка реалност во која се наоѓаме.
Во најголемиот број случаи државата нема да им помогне, дури тоа е и штетно од друг аспект. На пример, сети се како „државата им помогна на лозарите од Тиквеш“, всушност помагајќи си го своето другарче - олигарх, за потоа да направи проблеми и протести во Валандово.
Да не беше трагично...
[color=#336688]Музыкальный ансамбль [url=http://dejavu-group.ru/artist.php]Dejavu-group[/url] - это коллектив профессиональных вокалистов и музыкантов.
[url=http://dejavu-group.ru/artist.php]Deja Vu[/url]- один из лидеров в области музыкального сопровождения праздников, дней рождения, шоу-программ, копроративов, торжеств и дней рождения.
В копилке Музыкантов Deja Vu более 3тыс. произведений.
Только живое исполнение. Ретро, хиты 70-80-90-х, джаз, диско, поп, современная музыка, европейские хиты, фоновая музыка, шансон.
Группа Dejavu-group обладает мощной качественной музыкальной аппаратурой, позволяющей наполнить плотным и приятным уху звуком как небольшое помещение (фуршет), так и огромное пространство (корпоратив до 1 тыс. человек).
Игорь +7 916 623 4047 [/color]
[color=#336688]Артисты на праздник [url=http://dejavu-group.ru/index.php]Deja Vu[/url] - это коллектив заслуженных вокалистов и музыкантов на праздник.
[url=http://dejavu-group.ru/index.php]Deja Vu[/url]- один из лидеров в области музыкального оформления музыкальных мероприятий, свадеб, юбилеев.
В копилке Музыкантов Dejavu-group около 3000 песен.
Живая музыка. Поп, хиты 70-80-90-х, диско, джаз, ретро, современная музыка, европейские хиты, фоновая музыка, шансон .
Музыкальный ансамбль Dejavu-group обладает мощной качественной музыкальной аппаратурой, позволяющей наполнить плотным и приятным уху звуком как маленькое помещение (фуршет), так и большое пространство (корпоратив до 1000 человек).
Андрей +7 910 483 8294 [/color]
Објави коментар