вторник, 3 јули 2007 г.

Рејтингот пусти да остане

Америкнацине во нивните професионални спортови особено во NBA, кога ќе победат викаат One win, ако добијат уште една тоа им се Two in a row, ако ја добиеш и наредната веќе имаш Series. А кога си во серија те носи моментот и играш напорно и цврсто за серијата да биде подолга. Нормално конкуренцијата има задача да те сопре односно нејзиниот предизвик е да ја прекине серијата. Па кога ќе се случи тоа повеќе се памти оној кој ја прекинал серијата отколку должината на истата или како таа е остварена.

Така е и кај нас. Спортскиот дух е насекаде. Гледам серијата на Премиерот не само што не прекинува него се зголемува, а разликата е се поголема и поголема. Така барем велат од ИРИ. Но серијата и не е толку битна, нели. Влезен си во шема ја знаеш формулата за успех и играш по тој рецепт. Она што е многу поинтересно е што прави конкуренцијата во случајов опозицијата за да ја прекине победничката низа на Груевски.

Значи, што прави опозицијата за да ја прекине низата?

.

.

.

.

(ништо).

Мора нешто да прави не може да не прави ништо? Прави само што се што прави е погрешно или јалово па не дава никаков плод во нивна корист.

Го гледам вчера поранешниот премиер Бучковски како ја применува новата тактика за пораз на Груевски. Тој на пример причините за серијата на Премиерот ги гледа во ефтиниот популизам на Груевски и во неговата способност за добар ПР. Но тоа Бучковски и нему скараниот СДСМ не го загрижува толку колку што ги загрижува бројката од 30% поддршка за ВМРО – ДПМНЕ, 34% поддршка за Груевски и вкупната оцена од 3.45 на скала од 1 до 5 која ја има Премиерот. И сега следи најголемиот и најсилниот адут со кој опозицијата ќе го собори Груевски, неговиот рејтинг ќе го симне на ниво на нивниот 6 процентен, а на ќоравиот македонски народ ќе му ги отвори очите.

Бучковски и СДСМ вчера крикнаа. Опасност се надвиснала над Македонија. Опасност од ни помалку ни повеќе диктатура. И тоа не диктатура во генералска униформа каква што посакуваше Љубчо, ами диктатура на рејтингот. Во СДСМ стравуваат дека 30% рејтинг на Груевски ќе го одведат него во диктаторски води, а демократијата во Македонија за некој месец ќе изумре.

Толкава немоќ одамна не сум видел. Што стана со креативните луѓе во СДСМ. Толку ли неможат да смислат нешто поинтелигентно и малку поиздржано во своите напади. Диктатура, бе? Кај живеат овие луѓе не ми е јасно.

Јас знам дека сега ќе дојде некој и ќе рече, од каде да знаеме дека во Груевски не лежи некој мал диктатор. Можеби и лежи но не е тоа муабетот. Муабетот е во тоа што СДСМ никогаш не можел да ја надрасне омразата и чувството на гадење кое го носат во себе кога ВМРО – ДПМНЕ е на власт.

Како можат да зборуваат дека 30% популарност ќе ја однесат Македонија во диктатура, кога Македонија не така одамна го положи матурскиот испит по диктатура.

Зарем Бучковски и СДСМ забораваат дека нашиот сакан Претседател Киро Глигоров 1994 г. го победи Љубиша Ѓорѓиевски со 75% гласови и тоа не од репрезентативен примерок (како анкетите на ИРИ) ами на општи избори на кои за ликот и делото на Глигоров гласаа 700 000 луѓе. Толку ли им е кратка паметта или идиотизмот нема крај. Нивната книшка 001 долго време ја владееше Македонија со популарност на која сите живи и мртви диктатори би и завиделе па не се случи ништо. Уствари се случи. Малиот wannabe диктатор му го извади окото на Претседателот за да ужива во плодовите на високиот рејтинг, ама се заеба. Лицето БЦ никогаш немаше таков рејтин иако сакаше. Но и со неговиот рејтинг во најдобрите денови за него 1995г. беше на границите на диктаторствотот(според сегашните СДСМ проценки).

За Љубчо нема да правиме муабет, он барем си кажуваше отворено дека има мерак на таа дисциплина.

Да се вратиме назад на денешнава состојба. Ќе му дошепне ли некој на СДСМ дека серија не се прекинува со обид да му ја скршите ногата на капитенот на противничкиот тим. Бадијала ви е, зошто постои опасност судирот да биде избегнат а вие да добиете црвен картон. СДСМ веќе има 5 црвени ја стварно не знам што им на луѓево.

Македонија се наоѓала на самракот на демократијата вика Бучковски на тв Сител, триејќи ги дланките во надеж дека на тој начин ќе фати некој ситен поен.

Есад Рахиќ пак отиде подалеку. Ни кажа дека Груевски е автократа, ама Шеќеринска била автократка. Да отвореа барем една две енциклопедии па да видеа дека диктаторите се раѓаат од мали, незабележителни човечиња кои седат во своите дувла и коваат планови за големата власт.

Единствената добра работа во стравот на СДСМ е што ако Груевски стане диктатор ќе живееме во монти-пајтоновски свет.

Ќе излезе Никола Груевски на плоштад и ќе ни свика во стилот на Biggus Dickus, “Освободете ја Шекелинска“, а ние одоздола ќе му викаме “Освободи го Бланко“. И нормално ќе дојде Бучковски и ќе му довикне “Пушти го Јован“ ????

Нема коментари: