Една година од изборите лани на кои ВМРО ДПМНЕ на Груевски победи.
“Успешната“ политика на тогашниот тандем Бучкковски-Шекеринска македонскиот народ ја отфрли и им го даде мандатот на ВМРО ДПМНЕ. Народот си го задржа стилот на гласање – “На избори казнува“. Првичните резултати за “себеси полниот“ Бучко беа пата-пата, ама потоа се покажа дека се тоа само последните “трзаи“ на сдсмовската фела ре-инсталирана на власт по 2002г. На општо изненадување на сите Груевски им го начука до крај и малку повеќе од тоа на сите. Преговорите за новата Влада ги започна нормално со албанскиот блок. Бидејќи се знаеше дека ДПА е природниот партнер, ДУИ влезе во игра како појачување. Цело лето преговраше со ДИУ за да на крај ги отфрли од коалицирање со едноставно објаснувасње дека ВМРО не коалицира со терористи. Шлаканица која ДУИ одамна ја заслужуваше ама никој во СДСМ немаше ОО да им ја залепи. Проба Хари Костов на збогување, ама многу млако па го растурија после. Груевски ја формира владата со навистина тенко мнозинство но успешно ја менаџира. Се покажаа неоправдани стравувањата дека НСДП е сила и дека ќе ја држи владата во заложништво со своите 7 гласа. Малкуте проценки пред изборите дека НСДП е најобичен излив на незадовлство на една мала група одметнати сдсмовци се покажа точна. Не може да се очекува од фигура како Петковски да смени нешто во себе си кога 15 години не сменил ништо па ни фризурата.
Дојде новиот состав на владата и како што 98 СДСМ остана збунет од изборот на министри на ВМРО истото им се повтори и сега. Миснистри станаа, Македонци од странство, технократи, НВО претставници и сл.
Сепак најболниот момент за СДСМ и сателитите беше и останува тоа што Груевски таков каков што е е постојано 5-6 чекори пред опозицијата.
Додека СДСМ му се потсмева на неговата мана, што не може да каже Р и Л, и се подебаваат дека одел како патор, овој пичи и го дига рејтингот на мах. истовремено соборувајќи го нивниот на 0.
Додека СДСМ се заебава со него дека бил неспособен, дека магистрирал кај својот министер(Славевски) дека се женел втор пат во црква што не смеело, овој се што може да претстави како свој успех претствавува. Додека СДСМ се моли во ДУИ и нивниот бојкот дека тоа е начинот да се собори Груевски, овој инсталира систем каков досега го немало во Македонија.
Претходните влади не правеа ништо и оправдување за тоа имаа во легендарната за мак. полит. сцена, реченица “И вие така правевте“. Груевски прави можеби малку, ама барем знае да го претстави како многу.
Очигледно е дека 4те години опозиција Груевски ги користел да се “навежба“ и собрал околу себе неколкумина навистина стручни за обработка на опозициски партии во транзиција. Како инаку да се толкува ваквото работење “како бавча“ на опозицијава. Недела дена пред Конгресот на СДСМ, Груевски им се мешаше во внатрепартиските работи, а овие ко поп мрсна сарма ја лапнаа јадицата.
Понатаму, ќе и набаци на опозицијава некоја лесна топка за 40 – 15 и после ќе ги растрти 6:0 у гемови.
Им мести афери за непотизам (Мијалкови, Коневска-Трајковска, Јанкуловска и дечко и) и овие ќе налетаат на тоа, он у меѓувреме ќе испоаси еден куп фаци, ќе намали некој данок, ќе прогура некој закон.
Како евтино ја работи СДСМ и ДУИ да му падне жал на секој што посматра од страна.
Дека СДСМ нема оружје да се спротивстави на форхендот на Груевски нема. За тоа не треба многу филозофија и мудрвање. Да не беше така, немаше СДСМ секој месец дена да ги менува играчите кои се обидуваат да му парираат на ВМРО ДПМНЕ. Го пуштија Кондарко не им успеа, го пуштија Емилијан Станковиќ не им успеа, го пуштија Игор Шема не им успеа, го пуштија Есад Рахиќ едно време ама се заборавија па го отпуштија. Вчера гледам му го пуштија Макрадули, а он за греота се занел во играта во Луна Парк и на пресот дојде директно од таму со еден куп балони. И дека СДСМ никогаш ништо не можела да сочува ни покажа и вчера. За 15 мин. прес сите балони му летнаа. Нема тоа е тоа коа не те бива не те бива.
СДСМ последниве две недели се занимава со тоа дека високиот рејтинг на Груевски е опасен за Македонија зошто може да не одведе во диктатура. Тоа им е прва и основна стратегија за борба со Груевски во моментов. И во типично американски стил имаат влезна стратегија(напаѓаат дека 30% рејтинг е вовед во дикатура), но имаат и злезна стратегија. Вчера Макрадули ни соопшти дека всушност Груевски нема толкав рејтинг, туку дека се е тоа наместено од директорот на ИРИ кој е и советник на Груевски. Водечкиот американски институт ќе си го урива реномето со тоа што таму некаде на Балканот ќе мести анкети. Браво за опозицијата.
Нејсе. Ако мислат дека е тоа тоа само напред. И додека они се бават со рејтинзи, Премиерот ја приватизира Војна болница, носи одлука да ги дислоцира касарните и никој од опозицијата не му реагира. Не ми е јасно како е можно најголемата опозициска партија да премолчува вакви крупни политички одлуки. Владата носи одлука да задржи два воени центри на I и II армиска бригада во Штип и Кичево и полигонот Криволак, а СДСМ мува не ја лази. Ниту контрира ниту поддржува (ако е тоа добро нели). Единствена логика гледам во тоа дека Шекеринска намерно не реагира за да може Црвенковски д аја игра улогата на главен плачко и ревносен опозиционер. Иде 2009 веројатно така се надеваат дека ќе му го зголемат рејтингот, дупло, од 6 на 12% и така набилдан ќе ги испогази сите шлепери на претседателските избори.
Вакво работење “као бавча“ досега не сум видел во Македонија. Баш да видиме што ќе испадне од се ова. Добро обработена бавча дава и добри плодови (освен ако не е јалова ко оваа сдсмовскава).
Честито годишнина во (о)позиција.
3 коментари:
Пишав кај мене нешто накратко: Бесценето - една година опозиција. Постот ти е супер.
Одличен пост. Браво.
[url=http://pittsburghmom.com/members/Pokimon2010/default.aspx/][img]http://i048.radikal.ru/0910/57/9a759e833d4a.jpg[/img][/url]
10606 movies of lure DVD property
We secure thousands of the hottest movies you've been waiting to protect! And they're now nearby in Hi-Def!
These movies are playable on most viewing devices including iPod, PDA (HandHelds), PC, DVD & DivX players.
There are definitely no limits. Download as much as you lack with incredibly high speeds. No additional software is required!
Simply click on a identify with, download a cinema and guard it on your favorite player.
[size=4][url=http://pittsburghmom.com/members/Pokimon2010/default.aspx]Sign Up[/url] today and forget about buying or renting DVDs offline. [/size]
[url=http://movies.aoaoaxxx.ru/][img]http://i038.radikal.ru/0910/6d/1c3f50e4ddf0.jpg[/img][/url]
[url=http://pittsburghmom.com/members/Pokimon2010/default.aspx][b]TOP 40 BEST Movies:[/b][/url]
Lost City Raiders
RoboCop 2
Nim's Island
Second String
Marathon Man
Like Mike
Sister's Secret, A
Buck Privates
Happy-Go-Lucky
Reader, The
Mr. Brooks
It Came from Outer Space
Dive Bomber
Running on Empty Dreams
Ghoulies
Robert Schimmel: Life Since Then
American Pie
Crow: Wicked Prayer, The
Surfer, Dude
Contractor, The
Joe the King
Atonement
Nailed
Shattered
Moon Zero Two
On the Line
Curious Case of Benjamin Button, The
Objective, The
Repo! The Genetic Opera
Hells Angels on Wheels
[url=http://askmecode.com/members/suhajljakuvikin.aspx]Moscow Chill [/url]
[url=http://mcgeefamily.biz/members/renataevtjushkin.aspx]Fired Up [/url]
[url=http://skinnerfamily.biz/members/kassianshelkovi.aspx]Near Dark [/url]
[url=http://askmecode.com/members/suhajljakuvikin.aspx]Flower Drum Song [/url]
[url=http://skinnerfamily.biz/members/kassianshelkovi.aspx]Return of the Texas Chainsaw Massacre, The [/url]
[url=http://antonietasofia.com/members/pantelejmonste.aspx]Dust Devil [/url]
[url=http://ishug.is/members/nuzartimoshenko.aspx]Film Noir [/url]
[url=http://navaly.org/members/klimperehodov7.aspx]Long Good Friday, The [/url]
[url=http://bounci.tv/members/anzhelabolshin6.aspx]High Crimes [/url]
[url=https://www.nbhope.org/members/artemijstepiki.aspx]Ordinary Decent Criminal [/url]
Објави коментар