Што заедничко имаат порнографијата и социјалистичкото размислување?
Ги имаат македонските директори на средни училишта.
Ги имаат македонските директори на средни училишта.
Постојат сериозни и основани соменевања дека во некои средни училишта во Скопје, средношколци се забавувале на тој начин што се снимале со своите мобилни телефони во порнографски сцени. Тие снимки нормално веднаш излегле на интернет и се размножени на сите страни. Овде нема да навлегуваме во тоа дали тие видео клипови се или не се вистина снимени кај нас или во соседството. Доволно е макар и еден да е снимен кај нас (а за еден повеќе од сигурно е дека е наш домашен производ) за да имаме ситуација која е сериозна и бара моментална реакција. Нормално, реакцијата беше експресна. Средношколските директори веднаш реагираа.
Најпрво не го одржаа состанокот на здружението на директори. Откако од свои приватни извори се запознаа со клиповите и беа наводно “ужаснати“ превзедоа вистинска акција.
Еве што вели во однос на проблемот Претседателот на здружението на директори на средни школи во РМ, и директорка на Гимназијата Никола Карев Скопје, Горица Илиоска:
- Уште вчера им кажав на моите ученици дека ако некого фатиме со мобилен телефон в училиште, ќе му го одземе до крајот на учебната година.
Типично социјалистичко размислување од времето. Ако фатат некого ќе му го земат телефонот. Кога ќе му го купите – да му го земете во меѓувреме ќе седите мирни и ќе гледате како се забавуваат со своите мобилни. Ако сакате да не се случуваат такви работи сменете ги статутите на училиштата и воведете забрана за носење на мобилни во школо. Така се решава проблемот, а не со земање на приватна сопственост. Свикајте родителска и објаснете го тоа на родителите. Имајте нон стоп слободна телефонска линија и поставете говорни автомати за да може родителите да комуницират со своите деца на паузите и големиот одмор. Времето веќе не е сигурно како некогаш, но тоа не значи дека треба да прави кој што сака.
Втора директорско - социјалистичка реакција:
- Ќе се превземат мерки за поголема контрола на учениците на часовите, на одморите, поставување системи за блокада на работата на мобилните телефони.
Демек настава ќе држат по двајца професори. Еден ќе предава друг ќе внимава на децата, па кога првиот ќе пишува на табла другиов ќе пази да не некој игра со мобилниот. Или набавката на уреди за блокада на мобилните е најсигурната заштита од порнографијата во школите. Мене повеќе ми изгледа на вносен бизнис со скапа опрема која помината на тендер или под рака може фино да ги опари директорите. Понатаму се предвидуваат дополнителни часови по сексуално образование. Ама на децата не им треба само сексуално образование они очигледно си го практицираат и тоа пред мобилни камери. Ним им требаат етика, образование за моралните норми и вредности. Им треба поголемо внимание и активнотсти кои ќе ги поттикнат да се занимаваат со норални работи. На учениците не им треба зајакната контрола од “Комета“ и мешовите бригади составени од професори, хаусмајстори и библиотекрката, кои ќе патролираат низ школскиот двор. Им требаат правила кои доследно ќе се почитуваат. Им требаат кодекси на оденсување, па и на облекување ако сакате. Никој не вели дека треба да носат шамии и мантили, ама голи стомаци, извадени прерамки, ¾ шорцеви итн итн....ајде де.
Откако ги измозгаа овие бисери на мудроста од нивните кабинети и канцеларии директорите ја продолжија борбата со порнографијата во нивниот типичен социјалистчки манир. Наместо да ги алармираат органите на истрагата МВР, обвинителство, народниот правобранител или не дај боже организациите за заштита на правата на децата, тие се обидоа да го заташкаат целиот случај. МВР изјавува дека директорите одбиваат официјално да ги пријават случаите и сознанијата плашејќи се за угледот на училиштето. Прекрасно. Кога е загрозена личната фотеља, најлесно е да се сокриете зад колективот и општот добро. Нашите директори загрижени за угледот на школот кое го водат. Како ли само дозволиле да се случи нешто вакво ако навистина се гррижеле за угледот на институцијата која ја водат???
Пред некоја година беше изменет законот за средно образование. Беа воведени лиценци за директори. Имаше обемни обуки и еден куп услови под кој се станува директор. Минатиот министер, успешно ги инсталира партиските СДСМ-ДУИ кадри за директори откако тие нели ги положија сите испити и ги завршија сите директорски школи. Најавата и ветувањето беше дека конечно добивме вистински менаџери кои ќе бидат пред се домаќини и кои ќе се грижат за училиштето каде директоруваат 24/7. Очигледно дека една едномесечна директорска школа не може да ги избрише сите “знаења“ добиени по разноразни партиски состаноци. Пет испити за директор се очигледно премалку за да се искоренат социјалистичките навики дека секогаш она што не чини е кај другиот, а не во сопствениот двор. На тие предавања нашите директори за жал не научиле дека во нивните школи постојат психолози и педагози. Не знаат дека постојат социјални рабтници во центрите за социјална заштита. Никогаш не разбрале дека има НВО-а кои на волонтерска база ќе им пружат помош за борба со ваквите аномалии. Наместо тоа гѓата Илиоска со широко раширени раце изјавува:
- „Веднаш ќе ги повикам луѓето од МВР“
И, што после повикот? Кое дете ќе даде отворен и сериозен исказ пред непознат инспектор? Искрено, се сомневам дека тоа е и во согласност со законите и процедурите.
Илузорно и беспредметно е да се наведуваат примери од други земји како тоа таму се решава. Во Белгија на пример сите порнографско-педофилски скандали завршуваат со пад најмалку на министерот, а најчесто на целата влада. Кај нас не само што нема да се смени ниту еден директор, не само што нема да има реакција од органите на МОН (Министерство за образование и наука), за недела две ќе ни се случи кулоарско-канцелариските муабети кои вртат сега по школските ходници да излезат и во јавноста. А тие најчесто се:
“Нека и се секира мајка и, јас ли да и се секирам што ја снимале“, “Ајде пушти ги наркомани никакви“ “Тие треба да се истераат и никогаш да не стапнат во школово уште еднаш“. Ќе слушнете се, само нема да слушнете сериозен и искрен апел да се работи со тие деца за да им се помогне од кругот во кој влегле. Не можам ни да замислам како се чувствува девојчето кое е на клипот и кое вриска, но за жал не од задоволство него од нешто друго. За неа и сличните на неа очигледно нема место во нашите училишни клупи.
2 коментари:
За жал, така е.
Но сеплашам дека ова е сао еден од почетните знаци на моралниот пад и криза која нашето општество ја живее.
Шта ће јадна деца, немају паметнија посла!
Објави коментар