среда, 25 април 2007 г.

Навивам за Косово

Без многу гаење илузии или продавање европеизам, ретко кој од остатокот на македонските граѓани освен 24% рамковни го сака Косово и на Косово гледа со некаква симпатија. Ни јас не сум многу поразличен од сите други. Едноставно тоа е тоа. Причините се познати, односите уште повеќе, нивното(косоварско) минато и “злата крв“ која ја пролеаа кон нас се веќе традиционални.
И во такви услови во кои сите потајно ракоплескаме во себе гледајќи како не успеаа на прва да добијат независност, јас обзнанувам дека деновиве навивам за Косово.
Едноставно, без многу чудење и без hard feelings.
Велам браво за Косоварите и за нивната Влада. Го поздравувам нивниот Премиер и му посакувам да остане доследен на неговата одлука и решеноста да ја тера работава до крај.
Обично нашиов народ вика, сам ако не се пазиш друг не те пази, но има ислучоци на ова правило.
Последниве десет дена Косово не пази и се грижи за нас во РМ.
Косоварите забранија увоз на нафтата на ОКТА не зошто е македонска ами зошто е полна со сулфур.
Со години не трујат, ни продаваат “гом*о“ за скапи пари, а ние си ќутиме. Им ја дадовме на Грциве за да не експлоатира(ат) уште повеќе. Цело Скопје и широката околина ја затруја лом ја направија. Водите наоколу се заникаде, земјата да не збориме.
Бензините што ги продаваат не лажат дека се чисти, европски со низок степен на сулфур и без олово. И ние како телиња со зинати усти веруваме во тоа. Веруваме зошто немаме “онакви“ да им се спротивставиме. Те Грците имале јак договор за ОКТА, те морало да покажеме европска стрпливост и разбирање, те ова те она.
И додека ние веруваме на овие глупости си се труеме со сулфур, си ги уништиваме нашите скапо заработени возила, си ја загадуваме околината во која живееме како да имаме резервна.
Потегот на Косово ми се допаѓа иако на прв поглед е јасно дека нафтата што стои на граница ќе се врати кај нас и пак ние ќе ја испиеме, пардон потрошиме, но има нешто во оваа невоља кое ми дава надеж.
Познавајќи ја лакомоста по пари на ОКТА т.е грчките газди и потрошувачката на бензини на Косово (кој бил знае дека на секој 30 метри имаат бензиски) се надевам дека сакале не сакале ќе мора да ја сменат технологијата на правење бензин. Лесно е со нашиве домашни “телиња„ ним само им се подметнува бала сено и си мукаат кротко и тажно, ама овие на север очигледно не се “телиња“. Ко стршлени ми изгледаат. Додека да се свестат ќе се нацртаат колони хрватски и блгарски цистерни со рафиниран бензин без сулфур, па да ги видам тогаш. Да беше поинаква ситуација ќе посакав да им пропадне бизнисот на Грциве од ОКТА ама подобро е за нас да го исчистат бензинот па таков да го проадаваат. Ќе се офајдиме и ние не за друго.
Нормално и кај нив постои можноста да одат Грциве и да им фукнат дебели куфери евра во некоја банка на Кајмански острови, но да се надеваме дека не е тоа во прашање.
Затоа навивам за Косово и неговата одлука штитејќи се себе да не заштити и нас. Конечно да видиме и ние некоја корист од тоа што цел живот сме “колатерална штета“ на нечии игри и подметнувања.

Нема коментари: