Абе, деца ко деца. Ќе се заиграат во песокот, ќе се занесат во играта и држ – не дај, едното ја грабнало кофичката, другото греблото и ете ти тепачка. Детска работа, ама кој да ја разбере. Ќе скокнат одма мајковци, татковци, дедовци-бабовци и ќе ја направат голема. Место за песокта ќе се грабнат за нивните проблеми, а децата??? Кои деца, па кавгата е сериозна работа тоа не е за деца. И ете ти беља.
Ги гледам/слушам и не ми се верува. Не дека не знаев(ме) ама до толку страв дека има не ми е верно. Првата посериозна кавга во песокот меѓу Груевски и Тачи и одма сите ко офци урааа се стрчаа да “помогнат“.
Нормално кој друг ако не мадам Ванковска се јави прва, ама она е најмалку битна. Побитни се тие што се јавија после тоа.
И пази сите извадени од памет што ќе се случи ако се раскине коалицијата и ако ете се создадат услови за предвремени избори.
Еден не слушнав да рече, ако дојде до тоа никому ништо, нека се одржат нека бидат фер и демократски и новата влада да се формира што е можно побрзо. Ама не, Македонија е исклучок. За нас не важат правилата на западната демократија каде владините кризи се решаваат на избори. За нас важат други правила. Се собрале душебрижници да апеплираат дека сега не е вистинскиот момнент за нови избори.
Демек ако сега имаме избори да кажеме “Збогум НАТО и ЕУ“. А ако немаме демек треба да викаме “Добре ви дојдовме мили НАТО и ЕУ“.
Еве како кризата ја доживеа нашиот локален wannabe Pontius Pilat а.к.а Фуере
“Според моето мислење, ако треба да се одржат избори во овој момент тоа би било многу негативно, исто како да скокнете од воз во движење, возот се движи со голема брзина кон својата цел, членството во ЕУ и НАТО и затоа сите политички партии, пред се и над се, треба да мислат како побрзо да стигнат до ова членство“.
Е сега кога лаже Фуере, а со него и целата ЕУ која тој ја претставува. Кога ни вели дека Македонија е во застој со реформите, кога ни порачува дека Македонија последниве 9 месеци многу заостанала и дека и треба навистина долго време да работи за да се надева на позитивен знак од ЕУ или сега. Како тоа пред некој месец кога г-дата во Брисел сватија дека малиот, смешен Груевски е многу потврд орев од сите досегашни премиери во МК, ни порачуваа дека сме ја утнале со ЕУ дека тоа не се прави така, дека дијалогот со ДУИ треба да ни биде и почеток и крај, за да сега ни порачаат дека сме воз кој јури со огромна брзина кон ЕУ. Демек толку многу ќумур набутале Груевски и Ставревски во возот, што возиме со 300 на саат и опасно е да се скокне од возот. Седи бе?
И Европскиот парламен преку своите претставници е длабоко убеден дека новите избори во Македонија, би значеле збогување на Македонија од НАТО и ЕУ.
Штом е така дај да идеме пред ЦК да им се собереме едно 400 – 500 000 да им порачаме на овие двајцава да не се заебаваат и да се смират зошто од нивната дружба зависи дали 2008-9 ке влеземе во НАТО и ЕУ.
Домашниве експерти и протугери веднаш се јавија. Веќе споменатата мадам Ванковска веднаш извика:
“Генерален губитник би била РМ. Ова е најлошо можно време да се прават политички експерименти во смисла на некакви политички византиски игри внатре во коалицијата или надвор од неа и по малку е разочарувачко дека воопшто, вкупниот впечаток е дека политичките елити немаат сенс за национален интерес, односно за потребата барем во наредните 12-тина месеци РМ да функционира како стабилна држава.“
Навистина не ми се јасни. Зарем некој им верува на странциве, а и на нашиве дека навистина се загрижени за иднината на Македонија до толку многу што веруваат дека предвремените избори ќе направат непоправлива штета.
Најлошото нешто е кога професорот ќе ја смени лекцијата, од само нему познати причини. Како може 15 години ЕУ да не учи на демократија во која народот гласа и во која кризите се решаваат демократски со избори како единствено легитимно средство за промена на власта и сега одеднаш тоа средство не важи. И пази сега каков апсурд. Во Грција власта и опозицијата имаат сериозен спор околу нивниот став за името на Македонија. Се наоѓаат во еден вид криза која најверојатно ќе ја решат демократски, на избори ПРЕДВРЕМЕНИ. Како тоа ЕУ не и порача на нејзината омилена земја членка дека “Предвремените избори за Грција би значеле збогување со името Македонија“? Зошто за нив тоа е единствениот начин после кој сите ќе бидат неповредени а ситуацијата ќе биде решена. А кај нас од петини жили сите викаат правете се само не избори. Зошто?
Демек ако има избори инвеститорите ќе си одат од Македонија. Кои инвеститори оние кои 15 години секој ден ја окупираат Македонија со своите милијарди долари? Или мислат дека ќе си одат оние неколку “кокичиња“ кои дојдоа на повик и покана на оваа Влада сега?
Никогаш досега па ни во иднина пораките од ЕУ и “мудростите“ на нашите домашни експерти не биле онакви какви што ги пласираат во јавноста. Зад сите тие нивни изјави се крие некоја “задна намера“. Искуството дефиниитвно не учи на тоа.
Затоа многу е симптоматично што вака рафално се распукаа сите одеднаш во заштита на коалицијата со апели никако на предвремени избори зошто тоа ќе биде погубно..... И до тука се во право, но клучното прашање е за кого ќе бидат погубни предвремените избори? За Македонија или за некој друг? Кој е тој другиот?
Ај да го побараме, кој е тој кој после Македонија најмногу би загубил на предвремените избори.
Видете како размислуваат експертите
“Можеби некој ќе ја етаблира својата позиција на бранот на популарноста што ја ужива во моментов, меѓутоа реално гледано, тоа на Македонија не и е потребно во моментов и би било добро да најдат капацитет да ги усогласат проблемите и внатре во Владата и меѓу Владата и опозицијата, на начин што е својствен за демократија“
А видете што вели UNDP:
“На прашањето за кого би гласале ако сега се одржат парламентарни избори, 27 отсто од граѓаните својот глас би го дале за ВМРО-ДПМНЕ, а за СДСМ - 6,3 отсто.“
Значи кодошењето на Црвенковски и плачењето по светов на СДСМ сепак не било без резултати.
Се уплаши ЕУ и домашната “кантатропа“ експертска елита дека евентуални предвремени избори ќе ја решат ситуацијата за подолго време. Се исплашија дека ВМРО-ДПМНЕ носен на крилата на Премиерот и резулататите на владата ќе стане шлеперот, а СДСМ жабчето(со 6% не си ни жаба). Се уплаши ли ЕУ дека евентуални предвремени избори ќе му донесат на тврдиот Груевски апсолутно мнозинство во Собранието, па ќе може без страв и со мирна глава да ја спроведува програмата за обнова и преродба на Македонија. Ете зошто никому не му одговоарале предвремени избори, а не заради ЕУ која и пиле да родиме нема да не прими во следниве 10 години. Во неделата ни порачаа нашиот прием во ЕУ да го врземе со молитвите за смилување на Саркози, а сега не мафтаат дека сме воз кој забрзано летал кон ЕУ па опасно било да се скока од него. Ама не била грижата за возот него грижата по се изгледа дека е за тоа да не летнат Црвенковски и Шекеринска од возот. Ете каде ги боли ЕУ. Ама бадијала. Со или без нови избори СДСМ си останува онаков каков што е во моментов, небитна, осамена опозициона партија, без идеи и перспективи. Попусто Фуере се грижи за нивната кондиција. Едноставно не можеш да му помогнеш некому кој не сака помош, а во СДСМ очигледно не сакаат или не знаат да ја приамат помошта. Додека наоколу се случуваат крупни работи, прием во НАТО, борба за името (која е пред решавање во наша полза), Косово, договор со ДУИ, СДСМ најмногу што ни нуди во мометов се прес-конференциите на Емилијан (кој го крсти вака. или бил за Емилија спреман) Станковиќ на кои тој ни објаснува зошто не треба да се изградат 85 сали во школите во РМ.
Кога не иде не иде па тоа ти е.
И на сета мака, Црвенковски во желбата да биде Тито и да го прослави својот “дан младости“ во друштво на своите пионери го утна денот. Наместо во петокот 25 мај тој пионерите од О.У 11 Октомвти – Скопје ги прими вчера на 28 и во друштво со нив евоцираше спомени од детството и раскажуваше досетки од неговите училишни денови. Фалела уште пудлата и белиот костим за комплетна атмосфера.
3 коментари:
Алал вера мајсторе. Обавезно и во некоја новина да го пратиш написов.
Голема вистина. Вистина има и уште една. Со таква килава опозиција и власта нема да се искаже во вистинско светло.
Димче, македонскиве медиуми-новини немаат петле да објават ваков текст. Никогаш не одговориле досега на ништо.
Как жизнь? И кстати.. есть мега мысль по порталу http://www.Pi7.ru и ...
Думаю вам понравится у меня.
[url=http://www.pi7.ru/video/135-kakaya-zh-neopytnaya-dostalas-mne.html]Видео девочек[/url]
[url=http://www.pi7.ru/video/134-igra-do-orgazma.html]видео юных[/url]
Објави коментар